Уште пошарен Европски парламент
27 мај 2019Реклама
По европските избори,владеењето со ЕУ ќе биде потешко. Поради големите згуби на гласови, демохристијаните и социјалдемократите за првпат заедно немаат мнозинство во Европскиот парламент, така што ќе се бараат сојузи со либералите и со зелените, кои значително го зголемија бројот на пратенички места. Десничарските популисти и националистите од друга страна остварија успег во големите земји на ЕУ, меѓу другото во Италија и Франција. Вистинско вртење кон десно, меѓутоа изостана, меѓуу другото и поради високата излезнот, која изнесуваше околу 50 насто.