Протест во боите на виножитото
24 јуни 2021Осветлувањето на стадионот во Минхен во боите на виножитото, кое не беше одобрено од УЕФА, предизвика жестоки дебати на денот на последниот натпревар од групата на ЕУРО 2020 меѓу Германија и Унгарија.
Во знак на протест против одлуката на УЕФА и во прв ред против спорниот унгарски закон кој го ограничува правото на информирање на младите за теми како хомосексуалноста и транссексуалноста, бројни фудбалски стадиони во Германија, како на пример во Берлин, Франкфурт ( на насловната фотографија), Дизелдорф, Келн, Волфсбург и Аугсбург блескаа во шарени бои вчеравечер.
Европскиот парламент го постави знамето на виножитото пред зградата на парламентот во Брисел за време на натпреварот. Како и во Минхен, знамиња на виножито се вееја пред градските собранија и јавните институции во многу германски градови.