1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Катастрофи

Фотографија на денот: На удар на бурата Денис

ЕМФ
17 февруари 2020

Бурата „Денис“ предизвика поплави, сообраќаен хаос и прекин на електричната енергија во Велика Британија.

https://p.dw.com/p/3XsKJ
BdTD Frankreich Schaumteppich
Фотографија: Getty Images/AFP/F. Tanneau

Стотици летови беа откажани, на југот на Велс беше прогласен највисок степен на аларм поради силните дождови. До вчера попладне беше забележан рекорден број на предупредувања од поплави - 600. Најмалку едно лице загина во големата бура. Британската метеоролошка служба предупреди дека бурата својот врв ќе го има денеска или утре. Британскиот Црвен крст ги опомена граѓаните да бидат подготвени „на најлошото“. „Денис“ во меѓувреме ја зафати и Франција. Погодени се особено Бретања, регионот на Лоара и Нормандија. Во Бретања, во Сан Геноле, е направена и нашата #ФотографијаНаДенот.