1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Меркел во дружба со папагали

СН/агенции
24 септември 2021

Непосредно пред изборите за Бундестагот, германската канцеларка во заминување беше во проштална посета на својот изборен округ. Освен со локалните жители, Меркел имаше средба и со симпатични дојденци од Австралија.

https://p.dw.com/p/40mcz
BdTD Deutschland Marlow | Angela Merkel | Besuch Vogelpark
Фотографија: Georg Wendt/dpa/picture alliance

Цели јата австралиски папагали Лори со светли бои ја облетуваа Ангела Меркел и јадеа од нејзината рака во птичјиот парк Марлов кој се наоѓа во нејзиниот доскорешен изборен округ.  Меркел, велат, единствено  била претпазлива за возрасниот европски був. Бувот тогаш го држел кандидатот за пратеник во Бундестагот на нејзината Христијанско-демократска партија за Бундестагот, Георг Гинтер (33).  Тој сака да биде наследник на Меркел во нејзиниот изборен округ по парламентарните избори во Германија кои ќе се одржат во недела на 26 септември. По 16 години на канцеларската функција Меркел одлучи да замине во пензија и да не се кандидира за пратеничко место во Бундестагот.