1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Клоца за блискоисточниот план на Трамп

ЕМФ
29 јануари 2020

Американскиот претседател Доналд Трамп го претстави својот мировен план за конфликтот на Блискиот Исток и „доби нога“ од Палестинците.

https://p.dw.com/p/3Wx6h
Palästina Nahost-Plan von Trump - Proteste in Gaza
Фотографија: picture-alliance/dpa/ZUMA Wire/M. Issa

На оваа #ФотографијаНаДенот Палестинец минува покрај графити кои се дело на палестински демонстранти, а на кои е прикажан отпечаток од стапало врз лицето на американскиот претседател. Инаку, Доналд Трамп, како што рече во присуство на израелскот премиер Нетанјаху во Вашингтон, во својот план предвидува, „реално решение на две држави“. Ерусалим треба да остане „неподелен град“. На Палестинците, за нивната идна држава, Трамп им вети главен град во источен Ерусалим. Палестинците го отфрлија планот како прекршување на резолуциите на ОН и повикуваат на протести.