1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Застрашувачката моќ на „Јунис“

СН/агенции
19 февруари 2022

Еден ден по невремето во кое загинаа по три лица во Германија и во Полска, делови од Европа повторно беа погодени од силна зимска бура. Овој пат загинаа најмалку девет лица.

https://p.dw.com/p/47H6i
Sturmtief in Europa
Фотографија: Matt Dunham/AP/picture alliance

Атлантската бура наречена „Jунис“ на меѓународно ниво и „Зејнеп“ во Германија, беснееше во Западна Европа и во Германија. Најмалку по три лица загинаа во Холандија и во Велика Британија, а по едно лице во Ирска и во Белгија. Во Германија има најмалку две жртви од невремето.

 Во делови од Велика Британија, орканот го парализираше јавниот живот и предизвика бројни материјални штети. Страотната моќ на „Јунис“ која донесе ветришта со брзина до 196 километри на час, најдобро ја отсликуваат своевидните „бранови до небо“ на насловната #ФотографијаНеДенот, кои целосно го прекриваа светилникот во пристаништето Њухејвен во јужна Англија. 

Најмалку единаесет лица беа повредени во налетот на „Јунис“ во Франција. На северот на земјата без струја вечерта останаа околу 130.000 домаќинства на северот од земјава. 

Невремето предизвика прекини во сообраќајот и во Германија, Данска и во Белгија.