Катастрофи
Денови на жалост
24 ноември 2021Реклама
Македонската влада вчера прогласи тридневна жалост на територијата на целата држава за жртвите од сраотната сообраќајна несреќа во Бугарија, во која загинаа 45 патници, а седум лица беа повредени откако македонски автобус се запали на магистралниот пат „Струма“ на потегот Софија – Благоевград.
Во автобусот вкупно имало 52 лица. Седуммината повредени се хоспитализирани на Клиниката во Софија. Меѓу загинатите, 12 се деца.
За време на деновите на жалост државното знаме на сите институции, како и на дипломатските претставништва на земјава во странство, се истакнати на половина копје, а одложени се сите јавни настани.
Ден на жалост за настраданите во автобуската несреќа денеска е прогласен и во Бугарија и во Косово.