1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Човекови права

Втора Парада на гордоста во Скопје

26 јуни 2021

Во организација на Националната мрежа против хомофобија и трансфобија– Скопје, денеска се одржува втората официјална Парада на гордоста

https://p.dw.com/p/3vaY2
Nord-Mazedonien Skopje erste Pride Parade
Фотографија: Reuters/O. Teofilovski

„Манифестацијата е настан од и за ЛГБТИ заедницата, но и за сите поддржувачи на борбата за еднаков третман на сите луѓе. Прајдот е протест, но и прослава, на која ги реафирмираме надежите за посолидарно, похумано и поправедно општество", се вели во соопштението испратено до јавноста.

Во пресрет на Парадата на гордоста, премиерот Зоран Заев преку својот Фејсбук профил изрази поддршка на ЛГБТИ заедницата.

„Манифестираме европски и солидарни манири среде Балкан. Ова е нашиот нов Балкан, слободен, човечки и разновиден. Повикувам здружно да продолжиме да работиме на рушење на ѕидовите и креирање нов и подобар свет за сите нас," напиша Заев.

#dw_BalkanBooster: „Луѓето треба да го слушнат нашиот глас“