1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Литература

Во чест на книгата

16 октомври 2019

Во Франкфурт денеска започнува најголемиот саем на книги во светот. На него се присутни околу 7450 излагачи од преку 100 земји.

https://p.dw.com/p/3RMY0
Frankfurter Buchmesse 2019 | Gastland Norwegen
Фотографија: Getty Images/T. Lohnes

Вратите на саемот од денеска се отворени за стручната публика, а на викенд и за сите вљубеници во литературата. Минатата година имаше 285.000 посетители. Во фокусот на годинешната манифестација е проширувањето на раскажувањето. Повеќе простор е посветен на подвижни слики, виртуелната реалност и вештачката интелигенција. Првпат на саемот свој посебен простор добиваат аудио книгите и подкастите. Почесен гостин на Франкфуртскиот саем на книгата годинава е Норвешка.