1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Битка со пена на денот на сувото грозје

19 октомври 2021

Забава со пена на третиот најстар универзитет во Велика Британија - таканаречениот „Ден на сувото грозје“ се одржува традиционално секоја година.

https://p.dw.com/p/41qMG
BdTD | Traditionelle Schaumschlacht in Schottland
Фотографија: Jane Barlow/PA/dpa/picture alliance

Универзитетот Сент Ендрус, кој се вбројува меѓу најугледните во Велика Британија, има чудна традиција: на Денот на сувото грозје постарите студенти ги мачкаат бруцошите со пена за бричење, по што почнува битка со пена.

Сето тоа во чест на „академското семејство“, односно адопцијата на новајлиите од страна на постарите студенти. „Академските мајки и татковци“ на новите студенти им стојат на располагање како партнери за разговор на почетокот од студирањето.

Порано бруцошите на своите ментори им се заблагодарувале со суво грозје, па оттука и името „Ден на сувото грозје“. Сент Ендрус има долга традиција. Универзитетот е основан во 1413 година и по Оксфорд и Кембриџ е трет најстар универзитет во англиското говорно подрачје.