1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Литература

Триста години „Робинзон Крусо“

ЕМФ
25 април 2019

Романот на Даниел Дефо „Робинзон Крусо“ беше објавен во Лондон, на 25 април 1719 година. И доживеа метеорски успех.

https://p.dw.com/p/3HODX
Buchcover l Robinson Crusoe von Daniel Defoe
Фотографија: mare Verlag

Ретко кој не слушнал за авантурите на Робинзон Крусо, лик од истоимениот роман на англискиот писател Даниел Дефо, кој преживеал бродолом и поминал речиси три децении на пуст остров.

Романот доживува неверојатно брзо голем успех. Првото издание е распродадено за само три недели. Притоа мора да се каже дека книгата во тоа време чинела колку половина неделна плата на еден работник. Уште во првата година од појавувањето на пазарот, романот доживува неколку изданија, а литературните критичари брзо го вбројуваат во светски најважните романи.

Најголемиот број биографи на Даниел Дефо се на мислење дека тогаш 60-годишниот пистаел го напишал својот „Робинзон Крусо“ пред сѐ од економски причини. Сепак, успеал да создаде дело кое до денес нема загубено на привлечност и е основа за многу филмови.

Кој сѐ се нафати да го пренесе на филмското платно текстот на Дефо и со колкав успех, погледнете во галеријата: