1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Криминал

Трир во шок

СН/агенции
2 декември 2020

Пет загинати, повеќемина повредени: Зошто човек прегази пешаци со теренско возило во центарот на германскиот град Трир? Досега, барем нема индиции за политичка заднина на нападот.

https://p.dw.com/p/3m6ET
Tote nach Amokfahrt in Trier
Фотографија: Oliver Dietze/dpa/picture alliance

„Овој настан ја потресе цела Германија“, рече Роџер Левенц  министер за внатрешни работи на германската покраина Рајнланд-Пфалц, во која се наоѓа градот Трир. Сторителот презел целна акција и возел во „цик-цак линии“ низ пешачката зона со цел да им нанесе страдање на луѓето.

Градоначалникот на Трир, Волфрам Лајбе зборуваше за „најцрниот ден“ за Трир по Втората светска војна. Надминувањето на траумата ќе трае долго. „Сакам да знам зошто некој го прави тоа. Не знам дали ќе добијам одговор", рече Лајбе.

Во смртоносниот напад со теренско возило на пешачка зона во близина на поранешната градска порта Порта Нигра загинаа пет лица, меѓу кои и едно бебе од само девет и пол недели. Други 14 лица беа повредени, осуммина потешко.

Deutschland | Trier | Auto erfasst Fußgänger in Fußgängerzone
Фотографија: Thilo Schmuelgen/REUTERS

Повеќе:

-Трир: Пијан возач со психолошки проблеми однесе четири животи

Првиот повик за итен случај бил примен во 13:47 часот, како што објави Франц-Дитер Анкнер, потпретседател на полицијата на Трир. Дивеењето со возило низ неколку улици траело четири минути пред да биде уапсен  51-годишниот возач кој давал отпор.

Мотивот сè уште е нејасен

Тој е под истрага за убиство со автомобил како оружје. Денеска напаѓачот треба да биде изведен пред судија. Нема индиции за „верски, политички или терористички мотив“, изјави јавниот обвинител. Германецот од областа Трир-Сарбург претходно не ѝ бил познат на полицијата и немал криминално досие.

Deutschland Trier | Auto erfasst Fußgänger in Fußgängerzone
Фотографија: Harald Tittel/dpa/picture alliance

Според високиот јавен обвинител Петер Фрицен, сепак, постојат индиции за „психијатриска клиничка слика“. Експертско мислење треба да обезбеди дополнителни информации. Човекот исто така бил под дејство на алкохол. Според полицијата, кај него биле измереени 1,4 промили алкохол во крвта. Тој во последно време немал постојана адреса и немал блиски роднини. Теренското возило му припаѓа на негов познаник, кој не е поврзан со злосторството.

„Веста од Трир ме растажува многу“, рече  германската канцеларкат Ангела Меркел. „Им искажувам сочувство  на роднините на луѓето на кои ненадејно и насилно им беше одземен животот.  Но, во мислите ми се и на оние кои претрпеа тешки повреди и им посакувам многу сила“, порача Меркел.