1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Дигитален свет

Трендовите во гејмерскиот рај

Бетина Тома-Шаде
23 август 2017

Во Келн започна најголемиот саем за компјутерски игри на светот. Излагачи од над 50 земји ги претставуваат најновите трендови, како на пример виртуелната реалност и Е-спортот.

https://p.dw.com/p/2ihRh
BdT Deutschland | Gamescom 2017 in Köln
Фотографија: Getty Images/L. Schulze

Пораката на Гејмском годинава гласи: да играме заедно.  Игрите како социјален медум се во центарот на вниманието на годинешното издание на саемот во Келн. 

„На Гејмском 2017 сѐ се врти околу тој аспект. Фокусот е на игрите со повеќе учесници. Станува збор за друштвени игри кои можат да се играат во дневна соба и во кои можат да учествуваат играчи од цел свет што е многу возбудливо.“, вели новинарката Луси О'Брајан.

Видео игрите како социјален медиум

Само во Германија има над 18 милиони играчи кои играат видео игри со други лица. Овој „спорт“ се разви во масовен феномен.

Производителите сѐ повеќе го следат трендот. Новата игра Супер Марио во целост е направена истовремено да можат да ја играат повеќе лица.

„Пазарот на конзоли е многу силен. Компјутерите се тешко пристапни за просечните конзументи. Меѓутоа, конзолата едноставно треба да ја вклучите и да почнете со играње. Многумина сѐ уште поседуваат конзоли и се радуваат кога на пазарот ќе се појават нови хардвери.“

Deutschland Gamescom in Köln - World of Warships
Фотографија: DW/B. Bathke

Земја партнер на Гејмском годинава е Канада. Индустријата за компјутерски игри во Канада бележи годишен приход во износ од 3 милијарди долари и се наоѓа на третото место во светот. Веднаш зад САД и Јапонија. И во Канада социјалните игри се во тренд. Годинешниот Гејмском трае до 26 август.