1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Торта со вкус на бозел прави револуција

Розали Деланеј
19 мај 2018

Свадбената торта на кралските свадби не се раздава. Но, кај Хари и Меган тоа е поинаку. Секој ќе може да ја проба. Така тортата со вкус на лимон и бозел ќе стане симбол на промени.

https://p.dw.com/p/2xwxw
Holunder-Kuchen
Фотографија: DW/R. Delaney

Во периодот пред кралската венчавка разни детали поврзани со бракот кој ќе го склучат принцот Хари и Меган Маркл, предизвикуваа внимание кај хипнотизираните ројалисти, кај романтичарите и циниците. Во прв ред тортата со вкус на лимон и бозел, која  мириса на пролет. Меган во едно интервју објави дека тортата ќе биде направена во лондонската слаткарница на Клер Птак, кој потекнува од Калифорнија.

Хари и Меган лично пробале сѐ што ќе се јаде на свадбата

Свадбена торта е многу повеќе од само десерт. Таа е симболичен централен дел на церемонијата. Тортата може да биде толку декоративна што не им се служи на гостите на свадбата. Уште од свадбата на кралицата Викторија со принцот Алберт од Заксен Кобург и Гота во 1840 година, речиси уметнички направените свадбени торти имале религиозна цел: се чувале сѐ до крштевката на првото дете.

Како разведена полу-Афроамериканка, Меган Маркл веќе прекрши дел од традиционалните правила на британската кралска куќа. И дури и во однос на одлуката што ќе се случува со нејзината свадбена торта, таа не остави впечаток на идна жена која е подготвена да се поклони кон желбите на нејзиното кралско семејство.

Claire Ptak - Herstellerin des Royalen Hochzeitskuchens
Клер Птак ја прави свадбената торта на Меган и ХариФотографија: picture-alliance/PA Wire/V. Jones

Меган Маркл си е верна сама на себе

Да се стави бозел, традиционална викторијанска арома, можеби не изгледа нешто особено смело, но во целина, смелоста на овој проект покажува дека Меган Маркл ќе ја дизајнира свадбата на свој начин. Таа ја жртвуваше својата актерска кариера, се откажа од своите профили на социјалните мрежи за да живее според кралските правила. Но, изборот на слаткарот Клер Птак, кој е роден во Калифорнија, и кој се познава со Меган од порано, покажува дека таа не сака целосно да се откаже од својот претходен идентитет.

Holunder-Kuchen
Tортата ќе им биде разделена на гостите на денот на свадбатаФотографија: DW/R. Delaney

Ова може да биде предвесник за тоа како социјалното минато на Маркл ќе влијае врз нејзините одлуки како член на кралското семејство. Кенсингтонската палата објави дека Хари и Меган ќе им ја служат тортата на своите гости. Во други околности тоа би звучело нормално, но овде не е – во најмала рака, не за една кралска венчавка.

Вилјам и Кејт ја дадоа тортата на аукција

Во 2011 година војводата и војвотката од Кембриџ имаа две свадбени торти. Кекс-тортата, омилената на принцот Вилјам од детството, беше изедена уште истиот ден на свадбата. Но, главната овошна торта на осум нивоа со стотици шеќерни цветови беше дадена на аукција за добротворни цели. Најгорното ниво речиси три години се чуваше и се служеше како десерт на крштевката на нивното првородено дете, принцот Џорџ. Дали Хари и Меган ќе донесат торта за идната крштевка, останува да се види.

Großbritannien 2011 | Fiona Cairns, Hochzeitstorte Prinz William & Catherine Middleton
Фијона Карнс и нејзиниот тим ја направија тортата за венчавката на Вилијам и Кејт во 2011 годинаФотографија: picture-alliance/dpa/J. Stillwell

Со венчавањето Меган Маркл се откажува од голем дел од својата лична независност, но нејзиниот општествен ангажман ќе остане. Последна акција која ја поддржа беше движењето #MeToo. Уште на единасетгодишна возраст таа пишувала протестни писма на директорот на еден концерн и на тогашната прва дама Хилари Клинтон, против една сексистичка реклама која сугерирала дека местото на една жена е во кујната. Рекламата за средство за садови благодарение на нејзините критики е променета. Актерите колеги на Маркл наводно ѝ го дале прекарот „MSH Markle" – кратенка од „Make Shit Happen".

Меган со Чарлс до олтарот

Интернетот не заборава дека таа на речиси два милиона следбеници на Инстаграм им препорачуваше да ги читаат делата на познатиот американски научник Ноам Чомски, кој ги застапува анархистичките теории. Чомски важи и за еден од оние кои со возбуда го следат влегувањето на Меган Маркл во најпривилегираните институции: тој за британскиот весник „Гардијан" кон крајот на 2017 година изјави дека ова „звучи како таа да ќе може да го раздрма кралското семејство поради многу причини".

Тортата со вкус на лимон и бозел направена од биосостојки може да се смета како одраз на современата и здрава исхрана. Но фактот дека тортата ќе им биде разделена на гостите на денот на свадбата и нема да се чува за религиозен ритуал или да се даде на аукција како сувернир, соодветствува со човечката топлина и нејзиниот пркос, поради кој луѓето ја сакаат Меган Маркл.