Студен снежен бран во Македонија
27 февруари 2018Реклама
Метеоролозите велат дека студеното време со температури под нулата и врнежи од снег ќе продолжи до петок. Затоплување се очекува од викендот. На планинските патни правци и превои забрана за движење има за тешките товарни возила.
Улиците во Скопје се затрупани од снегот. Градските власти ги повикуваат граѓаните да си го исчистат снегот пред домовите, а тие се жалат дека градот не прави доволно за чистење на снегот.