1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Стравично сценарио: „валкана бомба“ во рацете на ИД

Ана Чепе, Лиза Џејн Елис/сн1 април 2016

Поважен од кога било порано, но далеку од реализација: свет без атомско оружје. Посебно по наводите на западните тајни служби дека Исламска држава активно се обидува да стигне во посед на нуклеарен материјал.

https://p.dw.com/p/1INpm
Фотографија: Reuters/K. Lamarque

Свет без атомско оружје - за ваков сон претседателот на САД ,Барак Обама зборуваше пред седум години во еден говор во Прага. Зад а дојде поблиску до неговата цел, тој воспостави светски самит за нуклеарна безбедност. Тој сега се одржува по четврти пат, овојпат во американскиот главен град. Преку 50 шефови на држави или на влади во Вашингтон дискутираат за светските атомски ресурси. Листата од теми е долга, но самитот изгледа дека е поважен од кога било порано.

Погледнете го видеото на оваа тема:

Извонредно важен самит за нуклеарна безбедност

Впрочем, кога Барак Обама ја формулираше својата желба за свет без атомско оружје, сѐ уште не постоеше т.н. Исламска држава. Сега терористичката група е во фокусот на нуклеарните разговори во Вашингтон. Радиоактивен материјал би можел да заврши во рацете на ИД - застрашувачка претстава.

„Кога ќе помислиме на нападите во Брисел и на трагедијата во Париз, не само што сме соочени со голема итност за нуклеарното прашање, туку генерално мора да го елиминираме изворот на тероризмот“, рече Обама во Вашингтон.

Безбедносни експерти веќе подолго време стравуваат дека „Исламска држава“ би можела да дојде во посед на прокриумчарен плутониум или високо облагороден ураниум, за да направи т.н. валкана бомба. По нападите во Париз и во Брисел стравот стана уште поголем.

А и севернокорејскиот властодржец Ким Јонг Ун со неговите постојани нуклеарни провокации стигна на врвот на агендата на нуклеарниот самит. Неговото последно пропагандно видео покажува фрлање атомска бомба во Вашингтон. Претседателот Обама полага надежи во подобра соработка со Кина а во таа насока беше и билатералната средба со кинескиот колега по функција Ши Џингпинг.

Symbolbild Nordkorea Atomtest
Северна Кореја со постојаните нуклеарни провокации стигна на врвот на агендата на нуклеарниот самитФотографија: picture-alliance/dpa/Yonhap/Kcna

„Од голема важност за нас двајцата е атомското оружје на Северна Кореја, кое е закана за безбедноста и стабилноста на регионот. А претседателот Ши и јас сакаме денуклеаризација на Корејскиот полуостров и целосна имплементација на санкциите на ОН“, порача Обама по средбата.

Посебно дискутирана од присутните во Вашингтон: една отсутност. Владимир Путин не се појави на нуклеарниот самит. Причина: преголемите разлики во мислењата во поглед на атомската програма. Русите заедно со Американците располагаат со повеќе од 90 проценти од атомското оружје во светот.