1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Сони го сели европското седиште од Лондон во Амстердам

СН/ агенции
23 јануари 2019

Јапонскиот концерн, поради стравувањата од последиците од евентуален тврд Брегзит, односно излегување на Велика Британија од ЕУ без договор, го префрла своето европско седиште во Холандија.

https://p.dw.com/p/3C0Jq
Wikileaks veröffentlicht Unterlagen von Sony Pictures
Фотографија: Getty Images/D. Ramos

Јапонскиот технолошки гигант Сони одлучи својата европска централа да ја премести од Велика Британија во Холандија, поради излегувањето на земјата од ЕУ на 29 март. „Ќе ја преместиме нашата европска централа во Амстердам“, изјави денска портпаролот на компанијата Такаши Ида, додавајќи дека цел е избегнување на можните царински процедури, кои би биле последица на Брегзит.

Сони Јуроп така ќе премине под нова филијала основана во Холандија и ќе остане во ЕУ по Брегзит. Сепак, британската фирма и натаму ќе продолжи да увезува производи од Сони и ќе продава во регионот, а работниците ќе останат своите работни места.

„Единствена промена е местото на регистрирање на Сони Јуроп“, наведе Ида.

Sony will angeblich 10 000 Arbeitsplätze streichen
Фотографија: picture-alliance/dpa

Сони се одлучи на овој чекор за да избегне бројни царински и регулаторни контроли во случај да нема договор за Брегзит, што е сѐ поизвесна можност откако британскиот парламент минатата недела го одби предлог договорот со Брисел.

Повеќе за Брегзит:

-Меј може да го прекине апсурдниот театар

-Во потрага по планот Б на Меј

-Британските граѓани создаваат залихи пред Брегзит

Друга јапонска компанија, Панасоник, минатата година донесе слична одлука поради стравување од даночни проблеми.

Заминување од Лондон најавија и повеќе јапонски финансиски институции.

Јапонските компании во Велика Британија инвестираа над 60 милијарди долари и вработуваат 142.000 луѓе. Меѓу 879 јапонски компании во Велика Британија се и производителите на автомобили Нисан, Хонда и Тојота. Јапонскиот премиер Шинзо Абе предупреди од последиците од Брегзит за бројни компании.