„Солидарноста не е еднонасочна улица“
5 септември 2011„Сите земји од Западниот Балкан имаат европска перспектива. На агендата на Македонија на врвот е решавањето на спорот околу името со Грција, а по изборите останаа и домашните задачи во сферата на судството, правната сигурност на инвеститорите, борбата против корупцијата и организираниот криминал“, истакна шефот на германската дипломатрија Гидо Вестервеле по средбата со македонскиот колега, Никола Попоски.
Првиот македонски дипломат, кој Берлин го посетува како прва дестинација по доаѓањето на функцијата, истакна дека Македонија е целосно посветена на надминувањето на сите предизвици и е пример за позитивен дух и импулс во регионот.
На прашањето на ДВ до кога може спорот околу името да се толерира и влече, домаќинот Вестервеле одговори дека во светлината на финансиските проблеми, Грција треба да разбере дека солидарноста не е еднонасочна улица. Тој исто така посочи дека постигнувањето решение за името е од интерес и на Европа и на Македонија.
Автор: Силвера Падори
Редактор: Горан Чутаноски