1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Розенстајн: Немало разговори за симнување на Трамп од власт

СН/ агенции
22 септември 2018

Американскиот заменик министер за правда Род Розенстајн демантираше дека во 2017 година ја споменал можноста за симнување од власт на американскиот претседател поради неспособност да ја извршува должноста.

https://p.dw.com/p/35KId
Rod Rosenstein
Фотографија: picture alliance/AP Photo/A. Harnik

Вакви информации претходно пренесе американскиот весник Њујорк тајмс.

Повикувајќи се на неколку извори, весникот пренесе оти постоеле разговори за симнување на Трамп од власт. Њујорк тајмс се повика и на белешките на агентите од Федералното истражно биро за овој случај.

Еден авторите на белешките, поранешниот директор на федералната полиција Ендрју Мекејб не го демантираше пишувањето на весникот, само неговиот адвокат изјави дека не се знае како новинарот на Њујорк тајмс можел да дојде до тие белешки.

Розенстајн од своја страна рече оти пишувањето на весникот е неточно и некоректно осудувајќи ги изворите како пристрасни и упатени против Министерството за правда.

Според весникот, Розенстајн наводно во пролета 2017 година, кусо по смената на директорот на ФБИ Џејмс Коми, сугерирал тајно да се снима Трамп за да се открие дека во Белата куќа владее хаос.

„Очигледно предлогот на Розенстајн не вродил со плод“, наведува Њујорк тајмс дополнувајќи оти не се знае дали воопшто Розенштајн навистина сакал да ја спроведе на дело својата намера.