Претседателските кандидати пред микрофонот на Дојче веле
11 март 2009Реклама
Имер Селмани кандидат на Нова Демократија, Мируше Хоџа на Демократската партија на Албанците, Нано Ружин на Либерално демократската партија, Ѓорге Иванов кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Љубе Бошковски Независен кандидат, Агрон Буџаку од Демократската унија на Албанците и Љубомир Фрчкоски кандидат на СДСМ и НСДП влегоа во трката за претседателската функција.
Каква е нивната визија за решавање на грчко- македонскиот спор околу името? Што мислат за напредокот на Македонија во евроатланските интеграции? Како гледаат на мултиетничкиот соживот во Македонија? Ова се само дел од прашањата на кои одговaраат седумте кандидати во серијата интервјуа на Дојче веле. Ставовите можете да ги прочитате или да ги слушенете во аудио-записот.