1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Ако портата на соседот е затворена, капаџикот мора да е отворен“

Нада Штајнман4 март 2009

Кандидатот на владеачката ВМРО-ДПМНЕ, професор Ѓоргe Иванов зборува во интервју за Дојче веле за неговите приоритети, доколку биде избран за иден претседател на Република Македонија. Нада Штајнман го води интервјуто.

https://p.dw.com/p/H5Ni
Кандидатот за иден претседател, професор Ѓоргe ИвановФотографија: Petr Stojanovski

Господине Иванов, претседателската функција во Македонија не остава голем простор да се влијае врз политичките одлуки. Како Вие, како можен иден претседател на Македонија, ги сфаќате задачите на претседател на Македонија и што подразбира Вашиот слоган на овие избори „Еден за сите“ ?

Претседателската функција, онака како што е во Уставот, точно е дека не остава простор за некое поголемо делување, меѓутоа сепак ингеренциите што ги има претседателот со назначување на одредени лица во одредени структури, со назначувањето на амбасадори, со потпишување на законите, со обраќањето минимум еднаш годишно пред собранието, е човек кој го создава амбиентот во државата, човек кој ја персонифицира државата и е нејзино лице и прилика кога ја претставува во другите држави. Токму затоа и слоганот на мојата кампања „Еден за сите“: претседателот да ги претставува сите слоеви од општеството, сите структури и едноставно сето општество да биде преку претседателот претставено.

Рековте дека функцијата претседател нема политичко значење, меѓутоа на почетниот митинг во Охрид Вие зборувавте за активна политика кон соседите и го спомнавте прашањето со името. Какви се Вашите ингеренции, ако станене претседател, како ќе можете да влијаете врз решавање на спорот со името и до кога Македонија ќе мора да биде ословувана како „Поранешна Југословенска Република Македонија“?

На митингот во Охрид, којшто беше почеток на кампањата, ги изнесов оние ставови кои ќе бидат дел и од мојата програма и активност, долку бидам избран за претседател. Досега имавме однос кон соседите кој го дефиниравме како еквидистанца, значи еднаква оддалеченост од сите. Јас го промовирам концептот на еднаква отвореност и еднаква блискост со сите, затоа што тие ни се соседи, не можеме да ги менуваме и затоа треба да најдеме начин на живот со нив. Сите проблеми што ги имаме, а кои ни се оставени во наследство, бидејќи некои се стари со децении некои со векови, не смеат да ги оптоваруваат секојдневните односи меѓу обичните луѓе. Политичарите треба да се зафатат и тие проблеми да ги решаваат, а секојдневниот живот треба да се продолжи како што доликува на соседи. И во нашата традиција се вели, ако портата со соседот е затворена, капаџикот мора да е отворен.

Der mazedonische Präsidentschaftskandidat Gorgi Ivanov Foto: Petr Stojanovsky f. DW undatiert
Фотографија: Petr Stojanovski

Дали сте оптимист дека уште за време на оваа генерагција ќе може да се реши спорот со името?

Јас доаѓам од академската заедница, каде проблемите сме ги согледувале долго, долго на теоретско ниво и во историјата на меѓународните односи такви проблеми не се решаваат, меѓутоа се наоѓа начин да се живее со тој проблем и да се постигне некој компромис кој нема да биде на штета ни на едната ни на другата страна. Тоа е еден мачен и долг пат за наоѓање на заеднички решенија, меѓутоа ако се посветиме на тоа успехот ќе дојде. Тој проблем е наследен од претходни генерации политичари, кои влегле во лавиринт, од кој сега не знаат како да излезат. На првиот митинг истакнав дека доколку бидам избран ќе направам промена на тој однос, ќе инсистирам по секоја цена да се подготви, да се организира средба на врвот меѓу претседателот на Република Македонија и претседателот на Република Грција, за да се испрати сигнал на добра волја и сигнал до обичните луѓе.

Господине Иванов, Вие како професор на факултет работите многу често со млади луѓе, и знаете како размислуваат младите. Тие сакаат единствена Македонија, тие сакаат да бидат Македонци. Меѓутоа во годините од осамостојувањето на државата, Македонците покажаа сепак низок степен на самосвест и одговорност кон сопствената држава, иако постои голем потенцијал токму меѓу младите луѓе кои не сакаат поделби. Вие деновиве говорите за поделби. Како иден можен претседател дали имате визија за Македонија и Македонците, и каква е Вашата визија?

Тоа семе на поделби е посеано наназад со векови, кога другите не делеле нас. Јас споменав дека нашите дедовци ги делеле на Грци, Бугари и Срби, нашите татковци ги делеа на комунисти и вмровци, сега повторно се обидуваат да не делат на Словени и антички Македоцни. Тоа не доликува и не е во духот на оваа млада генерација, која оваа година ќе полни полнолетство. Значи првпат ќе ја имаме генерацијата која е родена во слободна и независна Македонија. Постарите генерации, па и мојата генерација, растеше во еден сосем поинаков амбиент, читаше книги кои други ги пишуваа за нас, ни пласираа историја која другите сакале така да изгледа, ни оставија во наследство трауми и лоши односи со сите соседи. Дел од тие структури се’ уште ги имаме во Македонија. Тие и денес го плашат народот по листа од сценарија, што ја имавме уште од Југославија. Токму тоа е она што оваа нова генерација го бара, бара од политичарите да се поодговорни. Бидејќи и државата оваа година ќе полни полнолетство - 18 години независност и самостојност, 18 години живот во демократија. Кога сте полнолетен од вас се бара да бидете и подговорен.

Гопсподин Иванов кога говориме за одговорност, знаеме дека Македонија е мултиетничка држава. Со Рамковниот договор се исполнуваат официјалните барања на Албанците во државата. Вие на Вашите студенти, како што ми е познато им велите да одат на салеп во турска чаршија и живејте заедно со другите. Меѓутоа, дали навистина се создаде доверба и дали тоа наоѓа одраз во секојдневниот живот, во заедничкото живеење во Македонија?

Мултиетницизмот е наследство од минатото. Тоа е наследство од животот во империите кога немало граници, кога постоел широк простор, голем пазар во кој постоела некоја неутрална сила, која била кон сите еднаква, а тоа е императорот, султанот. Постоела Лингва Франка, постоеле методи на интеграција. Од речиси сите балкански држави, единствено Македонија го сочува тој модел на интеграција без асимилација. Сите да се чувствуваат свои на своето. Тоа го одразува духот на Македонија, бидејќи во секоја енциклопедија, во секоја анализа, секојпат Македонија е синоним за нешто што не може да се раздели, да се подели. Тоа е еден мозаик на различни нешта, различни етнички групи, јазични, религиозни заедници, односно наједонставно сликовите кажано она што Французите го нарекуваат „македонска салата“.

Минатата година кога престојував во Турција дознав нешто, што навистина импресионира, а ние не сме го знаеле. Имено првата телевизија на турски јазик во светот е во Скопје. Тоа е програмата на турски јазик во Македонската радио телевизија. Истотака и првата телевизија на албански јазик во светот е албанската програма во Македонската радио телевизија.

Der mazedonische Präsidentschaftskandidat Gorgi Ivanov Foto: Petr Stojanovsky f. DW undatiert
Фотографија: Petr Stojanovski

Европа, меѓутоа не ги хонорираше овие позитивни нешта, што ги истакнувате. Напротив, досега секогаш одново поставуваше нови барања од Западниот Балкан. Има ли објаснување за тоа?

Како човек од науката можам да кажам дека има објаснување. Ја знаеме севкупната европска историја, што е многу тешка и крвава. Европа стигнала до ова што е денес со многу проблеми. Значи и во европската историја имаме периоди на асимилации, масовни убиства, протерувања, холокаусти, така што Балканот не е извориште на сето зло во Европа. Во Европа постојат и некои релации на кои не им одговара македонскиот модел да успее, бидејќи ако овој модел е успешен и ако се примени на пример во некои од соседните земји, замислете како би изгледале тие земји.

Меѓутоа Македонија сака да влезе во ЕУ и во НАТО. Како Вие, како можен иден претседател на Македонија гледате на шансите на земјата да пристапи во овие организации и дали има алтернативи за нив?

Македонија нема друга алтернатива. Македонија е дел од Европа, од европскиот простор. Македонија има потреба од НАТО. Тоа е нашата генерална стратешка определба. Од тоа ние не отстапуваме. Меѓутоа блокадите што ги имаме кон тој процес укажуваат на тоа дека се соочуваме со Алијанса во која не е изграден консензусот. Она што Македонија го доживува со еден од своите соседи сега станува пречка за интегрирање на целиот регион.