Лазе Трипков за својата шеста самостојна изложба направи „Рефлексии на новата реалност“, изложи плакати создадени за време на карантинот, но со дополнителна можност да се нурне во нивната содржина преку креирање на виртуелната реалност, со која посетителот може самостојно да управува. Како пионер во користењето на виртуелната реалност, оваа изложба поттикнува интеракција на авторот и посетителот.