1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Полска сака забрзана интеграцијата на Западен Балкан

6 јули 2011

Македонија денеска не беше спомената во Европскиот парламент, кој расправаше за приоритетите на Полска како претседавач со ЕУ. Проширувањето на Унијата меѓутоа останува приоритет и за Полска.

https://p.dw.com/p/11q68
Полскиот премиер Доналд ТускФотографија: DW

„Во повеќе европски престолнини, атмосферата не е е ентузијаистичка за проширувањето, но полското претседателство ќе има за цел да оди до крај со договорот со Хрватска“, изјави денеска во Европскиот парламент полскиот премиер Доналд Туск, кој пред европратениците ги претстави приоритетите на неговата земја како претседавач со ЕУ до крајот на годинава.

Туск потенцираше дека Варшава сака да го заврши процесот за членството на Хрватска во Европската Унија,чиј прием е предвиден во 2013 година а проширувањето на Унијата останува еден од главните поглавја на полското претседателство.

Kroatien EU Beitritt
Приемот на Хрватска во ЕУ приоритет за ПолскаФотографија: picture alliance/dpa

Македонија отсутна од пленарнарната расправа

Случајот со Македонија не беше споменат на пленарната сесијa , како и што не се споменува во официјалната програма на полското претседателство, но тоа не значи дека за неа не се зборува на европско ниво. Но сите соговорници на ДВ посочуваат дека позицијата на Европскиот парламент и Европската Комисија е јасна, се бара почеток на преговори, но одлуката во Европскиот совет се носи едногласно од сите земји членки на ЕУ, односно Македонија мора да го реши спорот со името.

Полска посакува забрзана интеграција на земјите од Западен Балкан но исто така приближување кон земјите од нејзиното источно соседство, изјави денеска Туск. Кон оваа идеја на отворање кон Исток, се предвидува и самит ЕУ-Русија, како и склучување на договор за асоцијација со Украина.

Symbolbild EU und Slowenien, Kroatien, Bosnien-Herzegowina, Serbien Montenegro, Mazedonien, Kosovo
Фотографија: DW

Трите главни приоритети на Полска за ЕУ

Европа на солидарност, Европа на економски развој, една безбедна и отворена Европа, тоа се амбициозните цели на првото претседавање на Полска со Европската Унија.

Полскиот премиер Доналд Туск, пред европратениците во Стразбур се покажа оптимист и добро подготвен. Туск директно не ги спомена, но тој индиректно ги критикуваше оние кои имаат тенденција повеќе да се грижат за нивните „национални егоистични интереси“ во ЕУ, што според него е нов вид на евроскептичност“ или пак „политичките раководители кои велат дека се залагаат за продолжување на интеграцијата на ЕУ, но истовремено предлагаат мерки кои ја ослабуваат ЕУ“.
Во однос на кризата во Грција тој сака да бидат извлечени поуки за прекумерната задолженост на Атина, односно Полска нема да влезе во еврозоната без поголема заедничка буџетска дисциплина.

Доналд Туск се изјасни против ограничувањето на движењето внатре во ЕУ и ставањето во прашање на придобивките на Шенген. „ Потребно е зацврстување на надворешните граници со заштитување од последиците од имиграција, бидејќи правото на слободното движење не треба да се смета како проклетство, како што мислат некои, туку како предност.“ , нагласи Туск.

Автор: Тони Гламчевски

Редактор: Симе Недевски