1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Позитивни одгласи во Германија

Петер Штицле21 јануари 2009

Германските политичари имаат големи надежи од новиот американски претседател Барак Обама. Особено поради фактот што соработката со неговиот претходник Џорџ Буш не беше едноставна.

https://p.dw.com/p/GdSc
Фотографија: AP

Политичарите од сите германски партии се воодушевени од краткиот, но содржаен говор на Барак Обама. Вернер Хојер од либералите вели дека американскиот претседател зборувал за вредности за кои се залага и неговата партија. „Ова е претседател којшто очигледно не’ потсетува на заедничката база на вредности што се концентрира врз мир, толеранција и разјаснување и сака да работи според нив. Ова ќе води кон тоа во иднина Америка повторно да се идентификува со Статуата на слободата, а помалку со ужасните слики од Гвантанамо беј или Абу граиб“, рече Хојер, според кого, ова е „добра основа за Германија, Европа, но и за целиот свет, повторно да соработува со водечката нација во светот“.

Werner Hoyer MdB Außensprecher der FDP
Вернер ХојерФотографија: Werner Hoyer

Поддршка за Обама има и од партијата на левицата. Моника Кнохе особено ги истакнува поуките што тој ги извлече од финансиската криза.

„Тоа дека пазарот треба да се ограничи или да придонесе да има благосостојба и подеднакви шанси за сите. Ова се поинакви тонови што досега не сме ги слушнале од САД“.

„Умна стратегија“

Голем впечаток на парламентарците им остави и делот од говорот на Обама во кој зборува за противниците на САД - односно тоа што е подготвен да им даде рака, ако и тие се подготвени на тоа. Вернер Хојер од ФДП вели:

„Сметам дека тоа е умна стратегија. Се враќа на основите според кои работеше и поранешниот претседател Џон Кенеди, односно подготвеноста да се разговара и со противниците, да се преговара, да проба да ги разбере и можеби да се пронајдат решенија, со кои ќе се надмине употребата на насилство“.

Obama Inauguration
Германските парламентарци очекуваат подобра соработка со претседателот ОбамаФотографија: AP

Пратеничката Ута Цапф ова не ја потестува на Кенеди, туку на еден поранешен канцелар од редовите на социјалдемократите.

„Ова ме асоцира на тоа што за мене значеше Вили Бранд. Оваа политика на олабавување, на помирување, на подготвеност за дијалог и укажувањето дека не смее да има нуклеарна закана, притоа без посебно да именува некого. Исто така, и тоа што е подготвен со сите култури во светот да соработува и да живее заедно“, рече Цапф.

Големи очекувања од Обама има и германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмајер. „Се надевам дека односите меѓу Америка и Русија ќе дојдат на дневниот ред. Тука е итно неопходно подобрување од двете страни“, рече Штајнмајер. Навистина, Обама не зборуваше за тоа. Сепак, ова му е само првиот говор како претседател на САД.