Во Тетово се работи на локализирање на пожарот во просториите на фабриката за стиропор „Профикс“. Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов информираше дека нема опасност од отровни гасови. Училиштата утре ќе продолжат со редовна настава. Претходно од општина Тетово апелираа до граѓаните да не излегуваат без потреба од своите домови поради загадениот воздух.