1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Криминал

Перењето пари- огромен проблем во Германија

Сабине Кинкарц
24 јули 2021

Дрогата, рекетот, скапите автомобили и вили на криминалните кланови- тоа најчесто се клучните термини кога е во прашање перењето пари. Но, овој проблем во Германија е далеку поголем, вели Транспаренси Интернешенл.

https://p.dw.com/p/3w9rj
Symbolbild Geldwäsche in Deutschland
Фотографија: picture-alliance/dpa/H. Kaiser

Веќе неколку години Германија презема целни акции против криминалните кланови. Секогаш одново се организираат спектакуларни рации и претреси на објекти на големите германско-арапски семејства. Се запленуваат недвижности, но и други скапоцености, кои веројатно се купени со пари од криминал.

Во 2018 година, берлинскиот јавен обвинител заплени повеќе од 75 недвижности од кланот Ремо. Становите и куќите имаат проценета вредност од 10 милиони евра. Станува збор за класичен случај на перење пари, во кој илегално стекнати пари, во овој случај од грабежи и од трговија со дрога, се влеваат во легалните економски текови.

Razzia gegen Clankriminalität in Leverkusen
Фотографија: Marcel Kusch/dpa/picture alliance

Се спроведува истрага и за други кривични дела

Меѓутоа, криминалниот клан Ремо на мета на истражителите не дојде поради перење пари. Таквите сомнежи се појавија во рамките на истражната постапка за други кривични дела. „Фактот дека берлинските власти овој случај го претставија како еден од најголемите успеси во борбата против перењето пари, за мене е лош знак“, вели Кристоф Траутфетер, академиски советник на Мрежата за даночна правда.

Германија прави „навистина премалку“, за да им влезе во трагата на лицата кои ги влечат конците во организираниот криминал, а кои професионално перат пари во глобалните мрежи од трговијата со дрога, корупцијата, затајувањето данок и други кривични дела“, вели Траутфетер, кој раководеше со студија на Транспаренси интернешенл (ТИ) за перењето пари во Германија.

Проток на стотици милијарди евра

За тоа колку пари „се перат“ во Геманија секоја година постојат различни податоци. Во студијата која во 2016 година ја нарача германското министерство за финансии, се говори за околу 100 милијарди евра. Европскиот ревизорски суд пак наведува дека сумата заработена од кривични дела во ЕУ изнедува околу 250 милијарди евра.

Повеќе:

-Банките мирно си перат валкани пари – и никому ништо!

-Милиони евра испрани во Германија?

-Дојче Банк „крвари“ поради проблемот со перење пари

Транспаренси претпоставува дека вистинските парични текови се многу поголеми, но организацијата не може да даде точна бројка. Тоа е тешко да се процени, вели Траутфетер. „Ниту обемот, ниту структурата на пари не се адекватно истражени“, вели тој. Големите финансиски скандали од последните години покажаа дека циркулираат „стотици милијарди“ илегални пари.

FinCEN Files / Deutsche Bank, Frankfurt
Фотографија: picture alliance/dpa/A. Dedert

На криминалците им е премногу лесно

„Списокот на скандали со перење пари поврзани со Германија во последите години е долг“, се наведува во судијата на ТИ. Германија има, се наведува, огромен проблем со перење пари и против него не се преземаат доволно мерки. На прво место во студијата се наведува неразбирањето на проблемите од страна на одговорните власти и на политичарите.

На криминалците им е олеснето неовластено префрлање на колемо количество пари во странство или негово уфрлање во економските текови по пат на трговци со комерцијална стока, брокери на уметнички дела или агенти за продажба на недвижности.

Ранливост на банките

На трето место се „анонимните финансиски пазари“. „Иако веќе 20 години постои пропис банките да мораат да ги познаваат своите клиенти кои во посед имаат илјадници лешеви“, вели Траутфетер. Четврта точка се „далеку премалите истражни капацитети“ во Германија. Меѓу останатото, се наведува во студијата, недостасува специјализирана финансиска полиција.

„Лудо е тоа што во недамнешната афера околу набавување на маски, дури и по 30 години борба против перењето пари, политичарите и натаму примаат средства по пат на анонимни сметки во Лихтенштајн и фиктивни фирми на Карибите“, вели Траутфетер. „И не може сопствениците на речиси секоја десетта недвижнина во Германија да останат непознати дури и на властите“.

Symbolbild Geldwäsche
Фотографија: R. Schmiegelt/Future Image/Imago Ímages

Студијата наведува можни решенија

„Државата веќе не може да се потпира само на напорите на професионалните здруженија и финансиските институции кои се должни да пријават сомнежи, туку мора подобро да ги поддржи, да ја подигне свеста, контролата и на соодветен начин да ги санкционира кршењата“, бара Траутфетер.

Студијата препорачува регистар на транспарентност и на недвижности, но и подобро статистичко бележење и целна анализа на финансиските текови, зајакнување на надзорот на перење пари во финанскиот и нефинансискиот сектор, како и дополнителен персонал во специјализираните државни институции и зголемена соработка во ЕУ и на меѓународно ниво.

Германија ќе се проверува од есен

„Илегалните меѓународни финансиски текови веќе не смеат да најдат сигурно засолниште во Германија“, бара Стефан Оме, финансиски стручњак во Транспаренси Германија. Тој вели дека земјата е „погодна“ за перење пари. „Со моменталната незадоволувачка ситуација, Германија поттикнува паралелен глобален финансиски систем, кој се одвива во сенка, а во кој, не помалку важно, цвета и корупцијата.“

Транспаренси поаѓа од тоа дека обвинувањата изнесени во неговата студија на еден или на друг начин ќе ги забележи и Financial Action Task Force (ФАТФ), каде Германија наскоро ќе дојде на ред за испитување во редовниот интервал. ФАТФ во 1989 беше основана од групата Г7 на индустриски најразвиените земји во светот. Оваа меѓународна организација постави светски стандарди за борба против перењето пари, финансирање на тероризмот и финансирање на оружје за масовно уништување и обезбедува државите членки да ги спроведуваат законски и делотворно.

Symbolbild: Korruption
Фотографија: Colourbox

Конечно да се постигне напредок

Во последниот преглед во 2010 година, Германија не исполни доволно критериуми за да и' се заканува место на црната листа, вели финанскиот стручњак Оме. Тој поаѓа од тоа дека ФАТФ на Германија на претстоечкото испитување ќе и' даде лоша оценка, бидејќи земјата сѐ уште е „подобна“ за перење пари. Германија сега, како што вели тој, ќе мора да ја искористи поверката „за конечно да направи напредок“.

 

 

Kinkartz Sabine Kommentarbild App
Сабине Кинкарц новинарка на ДВ