Одобрен договорот со Белград
22 април 2013На вонредна седница доцна синоќа парламентот на Косово ја одобри резолуцијата за поддршка на спогодбата за нормализирање на односите со Србија, постигната со посредништво на ЕУ. Премиерите на Србија и Косово Ивица Дачиќ и Хашим Тачи во петокот во Брисел, по повеќе месеци интензивни преговори, ја парафираа спогодбата меѓу Белград и Приштина за нормализирање на односите. Таа предвидува косовските Срби да останат под јурисдикција на косовските албански власти, а како замена за тоа добиваат широка автономија.
120-члениот парламент во Приштина со 89 гласа „за“ и пет „против“ го одобри договореното помирување меѓу двете земји. Напрегнатата седница беше прекината од тврдокорните пратеници, кои се спротиват на спогодбата.
Околу 200 демонстранти протестираа пред зградата на парламентот против спогодбата, која, спред нив, може да му даде повод на српското малцинство да отцепи дел од територијата на Косово и да ја присоедини кон Србија. Српската влада и парламент се’ уште не ја одобрија спогодбата.