1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Криминал

Обвинение против осомничениот за серијата пакет-бомби

СН/ агенции
27 октомври 2018

По апсењето во случајот со серијата пакети со експлозивни направи во САД, против осомничениот е покренато обвинение. Во случај да биде прогласен за виновен му се заканува затворска казна од речиси 6 децении.

https://p.dw.com/p/37GYi
Cesar S. - Angeklagter im Paketbomben-Fall
Фотографија: Reuters/Broward County Sheriff's Office

Американскиот министер за правда, Џеф Сешнс објави дека е покренато обвинение против 56-годишното лице од Флорида кој е уапсен поради сомневање дека преходинте денови испраќал пакети со експлозив на адресите на политичари и на медиуми.

Директорот на ФБИ, Кристофер Врај на истата пресконференција потврди дека уапсеното лице е Сизар Сајок.

Тој е обвинет по 5 точки меѓу кои е и испраќање експозив по пошта, и ако биде прогласен за виновен му се закануваат до 58 години затвор.

Тој е обвинет е дека испратил над 10 импровизирани бомби до важни демократи, меѓу кои се и поранешните претседатели Бил Клинтон и Барак Обама, и до СНН. Ниту една бомба не експлодирала и никој не е повреден.

USA - Pressekonferenz mit Jeff Sessions und FBI Direktor Christopher Wray
Фотографија: Reuters/J. Ernst

Ширум САД деновиве во ек беше потрагата за лицето одговорно за испраќање на низа експлозивни направи во поштенски пакети упатени до истакнати демократи и критичари на претседателот на САД Доналд Трамп.

Во последните неколку дена се испратени вкупно 12 такви паекти, меѓу кои и до поранешниот претседател Барак Обама, до поранешниот потпретседател Џо Бајден и до поранешната државна секретарка Хилари Клинтон.

Полициските официјални лица јавија оти ги пресретнале 12 пакети во државите ширум САД. Ниту еден пакет не експодирал и засега не е јасно дали намерата била некого физички да повредат или да шират страв и вознемиреност.

Вчера се пронајдени две сомнителни пратки, една упатена до сенаторот на Њу Џерси, Кори Букер, а другата до поранешниот директор на Националната разузнувачка служба, Џејмс Клапер.

New York Paketbombe James Clapper
Фотографија: picture-alliance/Newscom/J. Angelillo

Претседателот на САД, Доналд Трамп, вели дека го обвинуваат оти тој е виновен за пакет-бомбите испратени до низа негови најистакнати критичари. Тој на Твитер напиша „Смешно е колку ниско котираниот СНН и останатите можат да ме критикуваат слободно и дури да ме обвинат за сегашната серија бомби и зачудувачки да го споредат тоа со 11 септември и со бомбашкиот напад во Оклахома Сити, а кога јас ги критикувам тие полудуваат и врескаат оти тоа ’едноставно не е претседателски’“. Поранешниот директор на ЦИА, Џон Бренан, одговори дека Трамп би требало да запре да ги обвинува другите и оти е подобро да се „погледне во огледало“. Бренон му порача на Трамп да се „обиде да делува претседателски“.