1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Криминал

Пакет-бомби: трагата води кон Флорида

СН/ агенции
26 октомври 2018

Пакетите со експлозив адресирани до критичари на американскиот претседател Доналд Трамп, очигледно се испратени во Флорида. Како испраќач на пакетите е наведено името на еден политичар на Демократската партија.

https://p.dw.com/p/37EGX
Verdächtiges Paket in New York
Фотографија: picture-alliance/ZUMAPRESS/T. Alvarez

Американските истражители во моментов претпоставуваат дека пакетите за бомба биле испратени до примателите од поштенската филијала во малото гратче Опа-Лока во американската држава Флорида. Според властите, сите запленети бомби се многу слични, од пакувањата до поштенската маркичка со американското знаме. Покрај тоа, експлозивните направи биле опремени со временски осигурувач.

Како испраќач, според информациите на новинската агенција Ројтерс, на многу од пакетите е наведена канцеларијата на демократската пратеничка во Претставничкиот дом на Конгресот, Деби Васерман Шулц во Флорида. Федералното истражно биро (ФБИ) го повика населението да даде информации за потенцијалните испраќачи. Досега никој не презеде одговорност. Сличноста на пакет-бомбите укажува дека тие потекнуваат од ист создавач .

USA Mutmaßliche Paketbomben sorgen in den USA für Alarm | Time Warner New York
Фотографија: Reuters/K. Coombs

Во меѓувреме, поранешниот потпретседател на САД, Џо Бајден порача дека Америка мора да „ја исклучи оваа машинерија на омраза“, откако властите пронајдоа два пакети бомби кои беа адресирани на негова адреса.

Повеќе на темата:

-Пакетите со експлозив не се изненадување во Трамповата Америка

Бајден, во говорот на предизборниот собир во Ланкестер во државата Њујорк,се заложи за повеќе човечко однесување. Поранешниот американски потпретседател рече оти се надева дека пакетите бомби кои му беа упатени нему, на поранешниот претседател Барак Обама, на поранешната државна секретарка на САД Хилари Клинтон, на телевизијата Си-Ен-Ен и на други беа „доволно силен бран шок да нѐ наведе да кажеме - во ред, доста е доста“. Тој рече дека демократите и републиканците можат да не се согласуваат околу здравството ,но оти личните напади „мора да запрат“.

Двата пакета со експлозивни направи кои беа упатени до Бајден се пресретнати во поштите во градовите Њу Касел и Вилмингтон, во сојузната држава Делавер. Иследниците се обидуваат да утврдат дали намерата била направите кои беа испратени на адресите на низа истакнати демократи требало да експлодираат или биле испратени да рашират страв.

Импровизирани бомби се испратени на адресите на Бил и Хилари Клинтон, Барак Обама, Си-Ен-Ен и на други лица кои американскиот претседател Доналд Трамп често ги критикува.