1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Стил на живот

Убаво е да се биде како од мајка роден

Рахел Локстон
9 јуни 2018

Нудизмот е култура на слободно тело кој го негуваа источните Германци. По обединувањето таа култура беше контаминирана од пронографскиот поглед на западните Германци. И, таа сега е во криза.

https://p.dw.com/p/2zCfL
FKK/Nackt Kultur - Bund für Familiensport und freie Lebensgestaltung
Фотографија: picture-alliance/dpa/J. Stratenschulte

Деца шлапкаат во водата, се мачка путер на леб и парчињата се делат наоколу, двојки лежат на сонце. На прв поглед - сцена како и секоја друга на некоја езерска или морска плажа. Но, кога повнимателно ќе се погледне - сите тие луѓе се голи, како од мајка родени! Тоа е сосема нормално на езерото Круме Ланке во Берлин. Ниту некој се интересира за тоа, ниту некој смета дека тој призор е особено секси.

Нудизмот е многу популарен во Германија. Културата на слободно тело е израз кој во германскиот јазик се изразува со кратенката ФКК (Freie Körperkultur) и таа може да се види на таблите во бројните бањи, сауни и велнес-центри. Сега, многу Германци стравуваат дека би можело да дојде до органичување на тој вид изразување на слободата на физичка култура.

Политичарот од партијата на Левицата, 70-годишниот Грегор Гизи, минатата година оцени дека нудистичката култура се наоѓа во криза и побара на нудистите да им се стават на располагање повеќе јавни површини. Тој рече дека по германското обединување „порнографскиот поглед“ на западните Германци бил тој кој почнал да ја расипува културата на нудизмот, инаку многу развиена во некогашната ГДР.

Првата германска нудистичка организација е формирана во 1898 година. Дури и тогаш постоел тренд на оддалечување од градовите, целта не била сексуализација, туку здравје и идејата човекот да се ослободи од срам и социјална нееднаквост, како и од нездравиот начин на живот во урбаните средини - тогаш само што почнувала индустријализацијата.

Наводно, на Германците им е полесно отколку на луѓето од други земји да се покажат голи. Дознајте ги причините за тоа: