1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нова мисија на НАСА

Дирк Лоренцен4 октомври 2007

Американската вселенска агенција НАСА испрати сонда кон вселената за истражување на два астероида со цел научниците да дојдат до подетални информации за создавањето на сончевиот систем

https://p.dw.com/p/Blfx
Сондата „Дон„Фотографија: picture-alliance/dpa

Сондата „Дон„ во наредните десет години треба да ги истражува мугрите на сончевиот систем, како што тоа патетично го формулираат одговорните во НАСА. Се разбира дека раѓањето на сончевиот систем веќе одамна е минато, бидејќи сонцето, земјата и планетите се четир и ипол милијарди години стари. Но, во широката зона меѓу планетите марс и јупитер, на одреден начин муграта се задржала до денеска, објаснува научникот Крис Расел, шеф на мисијата од универзитетот во Калифорнија, Лос Анџелес:

„Во тој регион има небесни тела што настанале уште при создавањето на сончевиот систем. Некои од нив до денеска се недопрени. Други пак достигнале значителна големина. Со помош на сондата Дон имаме можност да ги испитуваме овие различни тела и на тој начин што е можно повеќе да дознаеме за најраната фаза на создавање на сончевиот систем. „

Дон детално треба да испита два од овие астероиди

Доколку се се одвива како што треба, кон крајот на 2011 година Дон треба да пристигне на астероидот Веста. Сондата најпрво половина година ќе кружи околу небесното тело, со што ќе има доволно време за научната работа на експертите. По одредено време Дон повторно ќе ги вклучи своите електрични мотори и ќе ја напушти Веста и на почетокот од 2015 година ќе пристигне на Церес. И овој пат сондата како месечина ќе кружи околу астероидот.

Мисија од ваков вид не била досега никогаш направен

Да се смени правецот на сонда што кружи околу едно небесно тело и да се упати кон друго небесно тело досега не било никогаш направено. Крис Расел и неговиот тим сепак ќе ризикуваат. Премногу е добра идејата со еден удар да удриш две муви:

„Овие два астероида се разликуваат многу, иако во вселената се наоѓаат блиску еден до друг. Едниот, Веста, е сличен на месечината. На неговата површина можат да се видат бразди од лава, што течела низ него многу одамна. Астероидот Церес пак е еден многу темен објект. Според информациите што ги имаме за неговата маса, големина и форма можеме да заклучиме дека Церес на неговата површина има околу 100 километри дебела обвивака од мраз. „-објаснува научникот Расел.

Сондата Дон е голема колку еден поголем фрижидер и со неа носи голем број мерни инструменти. Со нив треба да направи прецизни фотографии од Веста и Церес.

Камерите за снимање се од Германија

Поточно кажано од Макс Планк институтот за истражување на сончевиот систем. Освен тоа сондата треба да го испита и хемискиот состав на овие две тела. Со помош на неколку трикови може и од надвор да се дознае нешто за внатрешната градба на Церес и Веста.

Доколку мисијата на сондата Дон помине без проблеми астрономите за неколку години ќе можат да дознаат многу повеќе за градбата и составот на двата астероиди и за создавањето на сончевиот систем. На земјината топка исчезнале сите траги за настаникот, поради вулкани, ветер и поместувањето на континенталните плочи.

Мисијата Дон претставува нешто како патување назад во нашето минато.