1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Спорт

Ники Лауда: Легендата заминува во своето тркачко одело

БГ/ ДВ
29 мај 2019

Членови на семејството, фанови и пријатели му оддаваат последна почит на Ники Лауда. Славниот тркач ќе биде погребан во своето тркачко одело, а последен поздрав ќе му упатат Арнолд Шварценегер и Герхард Бергер.

https://p.dw.com/p/3JOsN
Österreich Trauerfeier Niki Lauda in Wien
Фотографија: Reuters/L. Niesner

Илјадници луѓе денеска му оддаваат последна почит на Ники Лауда во катедрала Св. Стефан во неговата родна Виена. Трикратниот првак во Формула 1 почина на 20 мај на возраст од 70 години во болница во Цирих, девет месеци откако му беше извршена трансплантација на белите дробови.
Врз затворениот ковчег на Лауда е поставена неговата тркачка кацига, а по отворениот дел во катедралата ќе следува приватен погреб. Лауда ќе биде закопан во неговото тркачко одело.
Се очекуваат околу 300 ВИП гости, меѓу нив Арнолд Шварценегер и актуелниот шампион во Ф1 Луис Хамилтон.

Österreich Trauerfeier Niki Lauda in Wien
Фотографија: Reuters/L. Niesner

Освен Шварценегер, кој беше близок пријател на Лауда, последен поздрав ќе упатат австрискиот претседател Александер Фан дер Белен и поранешниот колега на Лауда, Герхард Бергер. Големиот ривал и пријател на Лауда, францускиот Ф1 шампион Алан Прост ќе чита цитати од Библијата.

Лауда беше шампион во Ф1 во 1975, 1977 и 1984 година, но остана активен во спортот сѐ до својата смрт. Во последните години беше неизвршен директор на тимот на Мерцедес, а беше активен и како стручен коментатор на трките во Формула 1.

Лауда страдаше од постојани здравствени проблеми од речиси фаталната несреќа која ја доживеа на германскиот Нирбургринг во 1976 година. Тој остана заглавен во своето возило речиси цела минута, а последиците од пожарот му предизвикаа трајни рани на лицето и огромно оштетување на белите дробови.