1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Насилството во Киргистан продолжува

9 април 2010

Самопрогласената преодна влада во Киргистан бара поддршка од Русија и размислува за предвремено затворање на американската воена база Менас, важна за НАТО во Авганистан. Во главниот град Бишкек продолжуваат нередите.

https://p.dw.com/p/MrMl
Фотографија: AP

Русија ја призна новата влада на поранешната киргистанска министерка за надворешни работи Роза Отунбајева, за разлика од САД. Но, според рускиот премиер Владимир Путин, неговата земја не ги поддржала киргистанските протести.

Висок по ранг претставник на Русија навести дека од новите власти во Киргистан ќе биде побарано да ја затворат американската воена база. Соборениот претседател Бакијев не го одржа ваквото ветување, изјави политичарот во Прага, каде само неколку часа претходно Русија и САД потпишаа нов договор за разоружување.

Flash-Galerie Kirgistan Kirgisien Polizisten in Bischkek
Фотографија: AP

Киргистан инаку за Западот има извонреден стратешки интерес, зашто се наоѓа северно од Иран и Авганистан. Во 2009 година тогашниот киргистански претседател Бакијев вети затворање на американската воена база која постои од 2001 година, откако Москва навести помош во милијарди. Подоцна Бакијев го продолжи договорот со Американците за базата за повисока цена.

Роза Отунбајева изјави дека економската состојба на нејзината земја е алармантна. Рускиот премиер Владимир Путин веќе ветил помош, нејзиниот заменик Алмас Атамбајев патува за Москва околу конкретни договори. Путин при својата понуда не споменал конкретна бројка.

САД пак се‘ уште не донесле одлука околку признавањето на владата на Роза Отунбајева во Киргистан. Претставник на американската влада изјави меѓутоа дека со години се во контакт со лицата кои очигледно сега ја презедоа власта во земјата. Не станува збор за антиамерикански пуч, а ние сосема сигурно знаеме дека тоа не беше со поддршка на Русија, изјави американскиот претставник.

Бакијев не се повлекува

Kirgistan Kirgisien Rosa Otunbajewa in Bischkek
Роза ОтнбајеваФотографија: AP

Инаку, досегашниот претседател Бакијев, кој избега од Бишкек во јужниот дел на Киргистан, покажува борбеност. Тој нема намера да се предаде, зашто е избран шеф на држвата, изјави Бакијев, не признавајќи дека нема власт над земјата. Според Отунбајева, преодната влада ја контролира целата територија, до југот на земјата, а може да смета и на поддршката на силите за безбедност и граничните војници. Развластениот претседател ја обвини опозицијата дека власта ја зела со помош на странски сили, нудејќи разговори со неа.

Во Бишкек се‘ уште владее напнатост. Се слушаат истрели, повеќе стотици полицајци се борат против грабежите во градот. Во уличните борби меѓу силите на безбадноста и демонстрантите во средата загинаа најмалку 75 луѓе, а повеќе од илјада се ранети.

Автор: ЖА/СН/ројтерс

Редактор: Александра Трајковска