1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Мицкоски: попис во септември, локални избори во ноември

11 март 2021

Во писмото напишано во Инфективната клиника, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ предлага приоритет да се даде на вакцинирањето, а пописот да се одложи за септември.

https://p.dw.com/p/3qTqX
Nordmazedonien Wahlen Hristijan Mickoski
Фотографија: Reuters/O. Teofilovski

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски напишал писмо до амбасадорите во земјава, осврнувајќи се на пописот, локалните избори и ситуацијата со Ковид- пандемијата, соопшти партијата.

Тој во писмото до меѓународниот фактор укажал дека Македонија, како и остатокот од светот се соочува со нов бран на Ковид-19, но во  исто време државава се наоѓа на дното во Европа по број на вакцинирани. 

„Борбата против тешката епидемиолошка ситуација, во недостиг на вакцини, комбинирано со теренски попис, ќе го стави во сериозен ризик јавното здравје. Јас не се сомневам во потребата од кредибилен попис, но во овој момент не е време за истиот. Ние мора да сме фокусирани пред сѐ на борбата против здравствените предизвици кои се пред нас. Откако ќе се надмине здравствената криза, можеме повторно да се насочиме на пописот", било наведено во писмото. 

Nord-Mazedonien | Coronavirus | Impfungen in Skopje
Фотографија: Petr Stojanovski/DW

Мицкоски потенцирал дека немањето консензус во врска со прашањето околу пописот, води кон слепа улица и единствен излез е одложување на пописот. 

„Прашања како пописот, во поларизирано општество како нашето, мора да се решаваат со целосен политички консензус. Немањето на ваков консензус, не донесе до слепа улица, при што единствена солуција која останува е одлагање на пописот. Во оваа динамична ситуација, каде ситуацијата на терен се менува на дневно ниво, се плашам дека  одиме кон уште еден голем предизвик за јавното здравје. Во оваа насока пописот би можел да создаде ковид – кластери“, предупредил лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Повеќе:

-Дипломатската офанзива на Мицкоски

-Мицкоски: Заев прави тоа што умее - мафијашко византиство!

-Заев ќе се согласи на едномесечно одложување на пописот заради политичко единство

Како лидер на опозицијата укажал дека има обврска кон граѓаните во барање решение за ситуацијата, а како дел од решението тој предложил пописот да биде одложен за септември.

„Тоа ќе остави време за набавка на вакцини и вакцинација на сите попишувачи, со што ќе се минимизира штетата по јавното здравје. Во насока институциите да можат да се посветат целосно на пописот, предлагам локалните избори да се одржат од 1-ви до 15-ти ноември", било наведено во писмото.

Nordmazedonien Wahlen Hristijan Mickoski VMRO-DPMNE Partei
Фотографија: Petr Stojanovski

Во обраќањето, тој напоменал дека низ лично искуство најдобро знае низ што поминуваат заразените од Ковид, како и информациите за личните трагедии на илјадници семејства што треба да биде аларм за државата суштински да делува.

„Ви пишувам од Клиниката за Инфективни болести, каде што се наоѓам како резултат на тешките симптоми и високата температура која ја имам. Во вакви моменти човек ја гледа драгоценоста на сопственото здравје, кое поради брзиот живот го запоставуваме“, напишал лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.