Македонски фирми во Франкфурт
19 јуни 2018Конференцијата е резултат на Берлинскиот процес кој во 2014 година го покрена германската канцеларка Ангела Меркел со цел - стабилизација на Западниот Балкан. На конференцијата најголем број од фирмите се од Босна и Херцеговина, потоа од Србија, Хрватска, Словенија, а првпат се присутни и по три фирми од Македонија и Косово, како и една од Албанија.
Бојан Јордановски, претставник на Факом во Франкфурт, за ДВ оцени:
„Од овие македонско-германски средби очекуваме многу. Веќе имаме договорени состаноци со 25 компании за почеток на соработка. Ние веќе соработуваме многу со странство. Над 85% работиме за извоз, така што сакаме по овие средби да ја зголемиме соработката со германските компании. Деловната клима во Македонија и на целиот Западен Балкан во наредниот период очекуваме да оди по нагорна линија, поради инвестиции што се очекуваат во наредниот период, особено во инфраструктурата.“