1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Филм

Лидо ди Венеција и во корона-криза подготвено за „Мостра“

СН/дв
2 септември 2020

Долго време не се знаеше дали воопшто ќе се одржи или ќе биде откажан како оној во Кан. Но, Венецијанскиот филмски фестивал остана при своите планови, и покрај пандемијата: 77-то издание започнува денеска и ќе трае до 12 септември 2020 година. Но прочуената „Мостра“ воопшто не се одржува во лагунскиот град, туку на блискиот остров Лидо де Венеција- прекрасна дестинација во секој поглед.

https://p.dw.com/p/3htpH

Бројни други меѓународни филмски фестивали беа откажани во последните месеци или ги прикажуваа своите филмови само преку интернет. 77-то издание на Венецијанската „Мостра“ е првиот голем фестивал што се одржува и покрај пандемијата на коронавирусот. За волја на вистината, ќе има помалку холивудски sвезди, но гламурот нема да недостасува.

Italien Venedig - Lido de Venezia
Лидо ди ВенецијаФотографија: picture-alliance//robertharding/J. Bright

Фестивалот ќе го отвори италијанската семејна драма „Лачи“ со Алба Рорвахер. По повеќемесечна неизвесност, затворени кина и откажани снимања, сега постои надеж дека работите полека ќе се вратат во нормала.

Сепак, безбедносните мерки заради пандемијата ќе играат важна улога и во Венеција. Директорот на фестивалот Алберто Барбера објави голем број правила: помалку филмови, повеќе кина, едно и на отворено.

Повеќе:

-Венеција-мајката на филмските фестивали

Гламурот повторно царува на Лидо

-Филмски фестивали од А категорија

Освен тоа, на влезот во киносалите на Лидо ди Венеција на посетителите ќе им биде мерена телесната температура, задолжително е тие да носат маска ( и за време на прикажувањето на филмот) и да се одржува физичка дистанца. А, како ќе се одржат пресконференциите? Како ќе изгледаат работите со црвениот килим кога ќе пристигнуваат филмските ѕвезди? Тоа ќе се види во наредните денови....