1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Крај на илузиите во Мјанмар

Родион Ебигхаузен
2 февруари 2021

Војската во Мјанмар изврши пуч, уапсена е и премиерката Аунг Сан Су Ќи. Демократскиот експеримент пропадна, смета Родион Ебигхаузен

https://p.dw.com/p/3oiO1
Thailand Myanmar Burma Protest Aung San Suu Kyi Putsch
Фотографија: Sakchai Lalit/AP Photo/picture alliance

Во 2011 година започна демократскиот процес на отворање на Мјанмар, при што едно прашање беше во фокусот: колкава моќ ќе отстапи војската?

Постоеја скептици кои не им веруваа на генералите и сметаа дека воената диктатура само го наметна плаштот на демократија. Но, имаше и оптимисти кои гледаа вистински нов почеток и шанса за демократизација.

Почетни напредоци...

На почетокот преовладуваа без двојба позитивни знаци. Војската под водство на екс-генералот и реформски претседател Теин Сеин сериозно пристапи на отворањето на земјата. Аунг Сан Су Ќи беше ослободена од домашен притвор , исто како и многумина затворени политичари од Националната лига за демократија, НЛД. Попушти ограничувањето на слободата на медиумите.

На парламентарните избори во 2015 година НЛД оствари огромна победа. Војската и нејзината партија, Унија на солидарност и развој, ја признаа победата. Ризикот беше мал, зашто војската според уставот контролира една четвртина во сите парламенти и ги има министерствата за одбрана, заштита на границите и за внатрешни работи. Значи, имаше знаци дека војската е спремна на компромиси.

....потоа назадувања

Преку изборите легитимираата НЛД ја изманеврира војската и издејствува Аунг Сан Су Ќи да стане еден вид премиер. Архитектот на овој мајсторски потег, правникот Ко Ни, кратко потоа беше застрелан на улица кај аеродромот во Јангон. Убиецот беше фатен, но никогаш не беше спроведена истрага за нарачателот. Но, беше јасно дека војската испрати порака до НЛД: не нѐ предизвикувајте! Војската, која самата себе си се смета за гарант на стабилноста и единството во земјата, не сакаше да прифати некој друг да ги одредува правилата на игра.

Ebbighausen Rodion Kommentarbild App
Родион Ебигхаузен, автор на коментаротФотографија: DW

Сепак, НЛД влезе во конфронтација. Наместо да преземе реформи кои ќе бидат во полза на населението, инвестираше многу енергија во малку изгледни уставни промени. Војската, благодарение на своите уставно гарантирани поволности, можеше да ги спречи.

Повеќе на темата:

Воен удар во Мјанмар

Мјанмар: Новинарите на Ројтерс на слобода по 500 дена затвор

ОН: За геноцидот над Рохингите мора да се одговара пред суд

Аунг Сан Су Чи: повеќе икона отколку политичарка

Односите меѓу Аунг Сан Су Ќи и Мин Аунг Хлаинг, главниот заповедник на воените сили, постојано се влошуваа.Во тоа не промени ништо ни спорниот настап на Аунг Сан Си Ќи пред Меѓународниот трибунал во Ден Хаг, каде нејзината земја беше соочена со обвинувањата за геноцид врз Рохингите и со тоа ја бранеше војската.

Изборите како пресвртна точка

На најновите избори во ноември 2020 Аунг Сан Су Ќи и нејзината Нацонална лига за демократија освоија 83 проценти од гласовите, значи повторна убедлива победа. Војската изрази сомнеж во резултатот и обвини за изборни измами. Изборната комисија, ангажирана од страна на цивилната влада, ги отфрли обвинувањата, а остана уште жалба на војската до Врховниот суд.

Но, војската сега изврши пуч и планира да ги преземе надлежностите на владата за една година, меѓу другото и за реформа на Изборната комисија. Пучот се оправдува со членот 417 од уставот, кој дозволува преземање на власта од страна на војската ако постои опасност по суверенитетот и единството на земјата. Војската смета дека е во право. Но, пучот претставува парадокс – војската да мора да ја укине демократијата за да ја спаси.

Значи, сега постои одговорот на прашањето, колку моќ е спремна војската да отстапи: ни ронка.