1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Воен удар во Мјанмар

СН/агенции
1 февруари 2021

Гласините се зголемуваа со денови на назад и покрај сите негирања на генералите. Сега Де факто премиерката на Мјанмар Аунг Сан Су Ќи е уапсена. Пучот е во полн ек.

https://p.dw.com/p/3oedb
Myanmar Yangon Soldaten
Фотографија: REUTERS

Покрај Аунг Сан Су Ќи,  уапсени се и претседателот Вин Мјинт и другите високи членови на владејачката партија , изјави владиниот портпарол. 

Тој ги повика луѓето да останат смирени. „Сакам да им кажам на нашите луѓе да не реагираат премногу брзо и сакам да постапуваат според законот“, додаде портпаролот на владејачката Национална лига за демократија (НЛД). Тој исто така очекува да биде уапсен од војската.

Набргу потоа, Аунг Сан Су Ќи повика на протести против воениот удар. „Мерките преземени од војската се мерки за враќање на земјата во диктатура“, се вели во изјавата на Су Ќи, добитничка на Нобеловата награда за мир. „Го повикувам народот да не го прифаќа ова и да протестира со сето срце против воениот удар.

Myanma State Counsellor Aung San Suu Kyi
Аунг Сан Су ЌиФотографија: Franck Robichon/REUTERS

Голем победник на изборите - а сепак зависна од војската

Неколку часа подоцна војската прогласи вонредна состојба. Цивилното државно раководство е обезвластено, објави воената телевизија утрината.

Повеќе:

-Мјанмар: Новинарите на Ројтерс на слобода по 500 дена затвор

-Аунг Сан Су Чи: повеќе икона отколку политичарка

-Мјанмар ја укина цензурата на печатот

Очевидци известуваат за армиските возила на улиците во најголемиот град во земјата, Рангун, за прекинати телефонски линии, интернет услугите и мобилни комуникации. Државната телевизија МРТВ на Фејсбук напиша дека не може да емитува програма поради технички проблеми.

Myanmar TV Ankündigung Ausnahmeszustand
Фотографија: AFP

НЛД извојува убедлива победа на парламентарните избори во ноември во оваа југоисточна азиска земја со 50 милиони жители. Армијата зборува за изборна измама и врховниот командант на војската на Мјанмар Мин Аунг Хлаинг веќе се закани дека ќе го укине уставот доколку  тој не се почитува. Но, во саботата военото раководство се обиде да ги разбие сите гласини за пучот. Ова требаше да се сфати како реакција на изјавите на генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш и претежно западните држави, кои изразија стравувања од политичките тензии во Мјанмар