1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Косово повторно не доби членство во Интерпол

СН/ агенции
20 ноември 2018

Ниту во третиот обид, не пројде барањето на Косово за прием во меѓународната полициска организација.

https://p.dw.com/p/38ZX3
Interpol Logo
Фотографија: Getty Images/AFP/R. Rahman

Косово денеска на гласањето на генералното собрание на Интерпол во Дубаи не успеа да добие доволно гласови за членство во светската полициска организација. За прием на Косово во Интерпол во првиот круг гласаа 76 делегати, против беа 56, а воздржани 22.

По 20-минутната пауза дадена од страна на генералниот секретар на интернационалната полициска организација, Јирген Шток за приемот на Косово гласаа 68 делегати, 51 беа против, а воздржани 16.

Генралното собрание на Интерпол ја продолжи денеска расправата за барањето на Приштина за членство во меѓународната полициска организација на заседанието во Дубаи.

Jurgen Stock
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/K. Jebreili

На учесниците им се обрати министерот за внатрешни работи на Србија, Небојша Стефановиќ, кој реагираше поради кршење на резолуцијата 1244, а потоа започна расправата.

Повеќе:

-Уценето добрососедство: Белград - Скопје виа Интерпол

-Пацоли: Се радувам на помирувањето со Србија

Во полза на Србија за збор се јавија, Шпанија, Мароко, Кипар, Кина, Белорусија и Русија. Поддршка на Србија претходно и' пружија Намбија, Романија, Венецуела и Суринам, наведува РТС.

По расправата следеше гласањето за прием на Косово во Интерпол. Се гласаше во два круга, а за прием во членството е неопходна двотретинска поддршка од земјите членки.

Косово досега трипати поднесуваше барање за членство во 2010, 2015 и минатата година, кога премиерот на Косово, Рамуш Харадинај, една недела пред Генералното собрание во Кина, го повлече барањето поради недостаток на гласови за поддршка. Минатата година во Интерпол беше примена Палестина и покрај противењата на Израел и САД, како и на Соломонските острови.