1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Корона-кризата како решавачки тест за ЕУ

Бернд Ригерт
6 април 2020

Корона-кризата ја исправи Европската Унија пред егзистенцијално прашање: дали е таа потребна во справувањето со последиците од пандемијата? Урсула фон дер Лајен деновиве покажува многу храброст, смета Бернд Ригерт.

https://p.dw.com/p/3aUj4
Symbolbild EU Rettungsschirm
Фотографија: picture-alliance/Bildagentur-online/McPhoto

Во досега невидената корона-криза во ЕУ се повторува еден добар стар политички модел: 1.) Ако нешто тргне наопаку, тогаш во основа е виновна Европската Унија. 2.) Ако е добро, тогаш владите на земјите членки радо се „китат со перја“.

Европската комисија во Брисел се обидува да ги координира акциите за справување со пандемијата на коронавирус. Но таа има малку компетенции во однос на  превентивното здравје, контрола на болести и гранична контрола. Може да дејствува само доколку земјите членки се едногласни и ѝ дадат задача. Во светло на драматичниот развој на актуелните настани секоја земја членка дејствува самостојно, што е и разбирливо. Владите, се разбира им се најблиски на сопствените граѓани. Гранците беа затворени брзо и некоординирано, прекинат беше ланецот на снабдување и издадена забрана за извоз на заштитни маски. Дури тогаш беше побарано од ЕУ како целина да напарави ред во хаосот и да ги огранични севкупните европски штети.

Незамисливото, сега е возможно

Оваа улога сега ја има Европската комисија на чело со претседателката Урсула фон дер Лајен. Таа прави сѐ за да остави впечаток дека корона-кризата не треба никого да обесхрабри и дека има подготвени солидарни одговори на невидените предизвици. Фон дер Лајен се истакнува како кризен менаџер. Една неблагодарна задача, која само до пред четири недели беше нешто незамисливо. Бидејќи нејзините можности за самостојна и брза одлука се ограничени. Таа не може ниту да отвори ниту да спушти бариера, ниту пак сама да набави медицинска опрема и да ја дели.

Riegert Bernd Kommentarbild App
Бернд Ригерт

Така Фон дер Лајен врши притисок со серија јавни предлози за гранични контроли, за финансиски инструменти, мерки против невработеност, и напуштање на лимитите за задолжување. На владите на земјите членки не им преостанува ништо друго освен да ги прифатат предлозите на Комисијата. Претседателката го префрли на кризен менаџмент целиот робустен апарат на ЕУ. Нешто што вообичаено трае со недели или месеци, сега се реши во неколку часа. Последователно паѓаат и табуата.

Сепак некои важни работи се занемаруваат: ерозија на правната држава во Унгарија и Полска продолжува неказнето. Миграциската политика исчезнува, климатската заштита е одложена. Сега сѐ зависи од корона кризата, и претседателката на Комисијата, која е само четири месеци на функција мораше да признае дека короната е тест за ЕУ. „Да се биде или не“, е шекспировското прашање за сојузот на држави. „Гледавме во бездна“, рече пред една недела Фон дер Лајен во однос на состојбата во Унијата. Сега вие треба да ѝ дадете смисла и задача на ЕУ во решавањето на кризата.

Разнишани столбови

Само за три недели коронавирусот уништи многу позитивни нешта кои се сметаа за столбови на Унијата и кои беа градени со децении претходно: нарушен е заедничкиот пазар, Шенген зоната веќе не функционира, монетарната унија е на тест, а стопирана е дури и Еразмус програмата за размена на студенти.

Повеќе:

Европа поделена на „север и југ“ опасно танцува на чекор од амбисот

Државата се враќа во фокусот – ЕУ, демократијата и капитализмот се суспендирани

Промашените шанси на Европа во одбраната од коронавирусот

Самит на ЕУ: Со заедничко задолжување против коронавирусот?

Тогаш која е целта на ЕУ по корона? Одговорот го има Европската комисија: обнова. За тоа да се оствари или ќе мора да се редифинира одново или ќе пропадне. Претседателката на Комисијата, Фон дер Лајен се залага за првата опција и најави „Маршалов план“ за целосна реорганизација на заедничкиот буџет. Тоа е храбро, бидејќи ако нешто тргне наопаку, тогаш вината е на Унијата. Ако работите одат добро тогаш претседателите на држави и влади радо ќе се „китат со перја“.

Одговорот е во заедничко финансирање на кризата

Тестот за изджливост на ЕУ допрва доаѓа. Бидејќи ќе мора да се донесе одлука како ќе се финасиираат огромните суми кои им се потребни на Италија, Шпанија, Франција, но и на Германија за да се преживее коматозната состојба на нивните економии. Дали овие инструменти ќе се викаат „корона-обврзници“ или не е само прашање на политички маркетинг, а не и суштина. Јасно е дека мора да има заедничко финансирање за да се успее – во спротивно ЕУ ќе пропадне. Бездната што ја погледна Урсула фон дер Лајен е се уште блиску.

Riegert Bernd Kommentarbild App
Бернд Ригерт Дописник од Брисел со фокус на луѓето, приказните и политиката на Европската Унија