1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Корона-криза: Хероините на касите

СН/агенции
26 март 2020

Контактот со муштериите е составен дел од работата на продавачки и пред сѐ касиерките во супермаркетите и другите продавници. Тоа претставува голем проблем во време на пандемијата на коронавирусот.

https://p.dw.com/p/3a40N

Додека рестораните, училиштата, и многу фирми остануваат затворени, супермаркетите продолжуваат да работат. Тоа е огромно оптоварување за продавачките и продавачите- и тоа не само поради заканата од Ковид-19. 

Сите текстови, видеа и фотогалерии за коронавирусот на едно место

Актуелната криза ја покажа системската важност на овие премалку платени работници, кои сега ги ризикуваат своето здравје и нерви, за да функционираат општетствата под карантин.