Фотографија на денот: Коронавирус од стакло
23 март 2021Направена е од стакло со дијаметар од 23 сантиметри, или отприлика 2 милиони пати поголема од вистинскиот вирус. Скулптурата на Лук Џерам е изработена по повод денешната годишнина од првиот национален локдаун во Велика Британија. Профитот од продажбата треба да отиде кај организацијата Лекари без граници со цел да им се помогне на заедниците кои се погодени тешко од пандемијата.
Лук Џерам вели: „Ова уметничко дело е омаж на научниците и медицинските тимови кои соработуваат ширум светот со цел да го забават ширењето на коронавирусот... За на јавноста да ѝ се прикаже формата на вирусот, уметничкото дело е изработено како алтернативен приказ на вештачки обоените слики кои се присутни во медиумите. Вирусите всушност немаат боја, затоа што се помали од брановата должина на светлината.“