1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПатувањеШпанија

Ковид-19: Најголемиот паркинг за авиони во Европа

СН/дв
23 јули 2020

Патничкиот авиосообраќај ја доживува можеби најголемата криза во историјата, поради пандемијата на коронавирусот. Но, еден шпански аеродром остварува профит и покрај, или подобро кажано, токму поради корона-кризата.

https://p.dw.com/p/3fdv8

Аеродромот Теруел во Шпанија е најголемиот паркинг за авиони во Европа. Тука се паркирани над 100 патнички авиони кои во моментов не сообраќаат поради корона-кризата. 

„Иднината изгледа ветувачка со огромен потенцијал за раст. Речиси го достигнавме целосниот капацитет. Но, ние преговараме со аеродромскиот оператор за проширување на работата“, вели Педро Саез, генерален директор на Тармак Аеросавел, компанијата која управува со паркингот на авиони на аеродромот Теруел.

Иднината на патувањето со авион

Не е доволно авионите  само да се остават паркирани. Потребни им се постојани проверки и одржување, за кои се грижи и ги  наплатува компанијата Тармак Аеросавел.

Повеќе:

-Промени на летањето со авион поради короната

-Коронавирус: Како повторно да се лета?

Патничкиот авиосообраќај веројатно до 2023 година нема да се врати на нивото на кое беше пред пандемијата. 
Дотогаш Теруел има намера да извлече максимална полза од настанатата ситуација.