Катар се бори против короната со огромни казни
19 мај 2020Реклама
Властите во Катар преземаат драстични мерки за да ја сузбијат пандемијата на коронавирусот. Од денеска до крајот на мај ќе бидат затворени продавниците, а ќе замре и бизнисот, јавува катарската државна агенција КНА. Исклучок се аптеките, продавниците за храна и доставувачите на прехранбени намирници.
Катар, освен тоа, воведе и остри казни за лицата кои нема да се придржуваат до обврската за носење маски во јавност.
Повеќе во видеото: