Гол велосипедист фатен на радар
30 јули 2018Реклама
Полицијата во северниот германски град Кил во саботата беше изненадена откако посведочи на најчудното прекршување на сообраќајните правила досега: гол човек, возел точак со импресивни 47 километри на час во зона каде дозволената граница е 30 километри.
Облечен само во патики, човекот бил „уловен“ од сообраќајната камера околу 11:30 часот, возејќи во правец на центарот на Кил.
Инцидентот се случува во период кога Германија се соочува со досега невиден топлотен бран. Дел од претпоставките се дека на овој начин, овој човек се справувал со големата горештина.
За среќа, како што јави локалниот весник „Килер нахрихтен“, човекот нема да мора да плати казна за брзо возење, затоа што неговиот идентитет останува непознат.