1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Како Меланија Трамп ја препиша Мишел Обама

Б. Г/ап19 јули 2016

Социјалните мрежи денеска вријат од коментари на сметка на сопругата на Доналд Трамп, Меланија откако беа откриени многу „сличности“ во нејзиниот говор со говор на Мишел Обама.

https://p.dw.com/p/1JRKu
Фотографија: picture-alliance/dpa

Говорот на сопругата на Доналд Трамп на конвенцијата на Републиканците содржеше два пасуси кои беа речиси од збор до збор исти со говорот на актуелната Прва дама на САД, Мишел Обама одржан на конвенцијата на Демократите во 2008 година.

Меланија Трамп ги употреби двата пасуси на почетокот на нејзиниот 10-минутен говор и предизвика бурни реакции во јавноста и на социјалните мрежи.

Меланија Трамп и Мишел Обама- пронајдете ги разликите

Меланија Трамп, Кливленд, Охајо 18 јули 2016 :

„Уште од младоста, моите родители ме научија на вредностите дека мора да работиш напорно за она што го сакаш во животот, дека зборот е обврска и дека ќе го сториш она што си го ветил и ќе го одржиш ветувањето, дека ќе се однесуваш кон луѓето со почит. Тие ме научија и ми ги покажаа вредностите во нивниот секојдневен живот.

Мишел Обама, Денвер, Колорадо, 26 август 2008

„Барак и јас пораснавме со многу заеднички вредности: работи напорно за она што го сакаш во животот; дека твојот збор е обврска и дека треба да го сториш она што си го ветил; дека се однесуваш кон луѓето со достоинство и почит, дури и доколку не ги познаваш, и доколку не се согласуваш со нив“.

Меланија Трамп, Кливленд, Охајо 18 јули 2016

„Треба да им ги пренесеме тие лекции на следните генерации. Затоа што сакаме нашите деца во оваа држава да знаат дека единствената пречка за нивните остварувања е силата на нивните соништа и желбата да работат за нив“.

Мишел Обама, Денвер, 25 август 2008

„Барак и јас одлучивме да го градиме животот врз овие вредности, и да ги пренесеме на следната генерација, затоа што сакаме нашите деца- и сите деца во оваа држава- да знаат дека единствената пречка за нивните остварувања е досегот на нивните соништа и желбата да работат напорно за нив“.