1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Исчезнатиот белоруски активист пронајден мртов во Киев

ЖА / агенции
3 август 2021

Еден ден по неговото ненадејно исчезнување, шефот на белоруска група во егзил пронајден мртов во парк во украинскиот главен град Киев. Полицијата започна истрага поради сомневање за убиство.

https://p.dw.com/p/3ySXZ
Belarus | Aktivist | Vitaly Shishov
Фотографија: instagram.com/vvshishov

Белоруски активист, шеф на невладина организација која им помага на граѓаните од Белорусија кои бегаат од земјата поради репресии, е пронајден мртов во Киев, соопшти денеска полицијата. Витали Шишов е откриен обесен во парк, недалеку од неговото место на живеење. Полицијата започнува истрага, која покрај другите можности, вклучува сомнение дека станува збор за убиство прикриено како самоубиство.

Шишов ја водел организацијата „Белоруска куќа во Украина“, која се грижела за сместување, обезбедување дозволи за престој и работни места за од Белорусија избеганите противници на претседателот Александар Лукашенко. Шишов вчера од нему блиско лице бил пријавен за исчезнат откако не се вратил од вообичаениот утрински џогинг. 

-повеќе:

Драма во Токио: Белоруска атлетичарка ќе бара азил во Полска

Белорусија: Соработник на ДВ Академија обвинет за велепредавство

Таткото на Протасевич тврди: Тоа не се негови зборови

Деновиве белоруската атлетичарка Кристина Тимановскаја, која учествуваше на Олимпијадата во Токио, по нејзините критички изјави против белоруските спортски функционери, побара заштита од јапонската полиција. Белоруски лица требало да ја изнесат Тимановскаја од земјата против нејзина волја и да ја вратат во Белорусија. Спринтерката во меѓувреме доби азил во Полска.

Случајот побуди сеќавања на принудното слетување на авионот на Рајанер во Минск во мај, по што беа уапсени владиниот критичар Роман Протасевич и неговата партнерка, кои живееја во егзил. Авионот беше на лет од Грција кон Литванија, а белоруските власти изнудија негово приземјување поради наводна закана од бомба.  

Многумина Белоруси, поради репресиите на кои се изложени во нивната татковина, бегаат во соседната Украина, во Полска или во Литванија. Белорускиот властодржец Александар Лукашенко, кој на чело на земјата е веќе речиеи три децении, во август, и покрај масивните обвинувања за изборни фалсификати, се прогласи за победник на изборите. Тоа предизвика масовни протести, брутално задушени од полицијата и војската во земјата.

Белорусија: 10 дена во притвор за една песна