1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Закон и правосудство

Соработник на ДВ Академија обвинет за велепредавство

СН/дв
3 јули 2021

На Андреј Алијаксандрау, долгогодишен соработник на ДВ Академија во Белорусија му се заканува затворска казна до 15 години. ДВ остро протестира за овој случај.

https://p.dw.com/p/3vybL
Weißrussland | Journalist -  Andrej Aleksandrov
Фотографија: Olga Hvoin

Академијата на Дојче веле е длабоко загрижена поради обвинението против долгогодишниот соработник Андреј Алијаксандрау, кого белоруското правосудство го товари за предавство. Директорот на ДВ Академија, Карстен фон Намен, обвинувањето го нарекува „целосно без основа“ и од белоруската влада бара веднаш да го пушти на слобода Алијаксандрау и уште неколку медиумски работници кои во моментов се наоѓаат во затвор во земјата.

Алијаксандрау во јануари 2021 година беше уапсен со својата партнерка Ирина Злобина. На почетокот беше обвинет дека организирал акции кои грубо го кршат јавниот ред и всушност месецов требаше да биде пуштен на слобода.

DW Kompakt 2020
Карстен фон НаменФотографија: DW/P. Böll

Белоруското здружение на новинари ги пренесува зборовите на адвокатот на Алиаксандрау според кои неговиот клиент е „шокиран“ поради новите обвиненија. Овој случај претставува нова ескалација во драконскиот однос на Белорусија кон слободата на медиумите и борците за човекови права.

„Белоруските новинари се изложени на досега невиден притисок, а репресиите се зголемија по претседателските избори минатата година“, вели фон Намен. Тој додава оти на новинарите не им се овозможува извршување на нивните секојдневни задачи и дека се блокираат интернет страниците.

Повеќе:

-Кој е Роман Протасевич?

-Медиумите во Белорусија под зголемен притисок - се помалку странски новинари

-Новинар на Дојче веле уапсен во Белорусија

Исто така, како што вели фон Намен, се укинуваат весници, а ускратувањето на акредитации стана секојдневие.

„Независните новинари кои известуваат од протестите се апсат и тие веќе не се заштитени дури и ако јасно дадат на знаење дека се новинари. Постојат извештаи за тоа оти претставниците на медиумите наидуваат на директен удар на силите на безбедност“, вели тој.

„Новинарството не е злосторство“

„Одлучувачко е белоруската влада да запре со шиканирање на новинарите, медиумите и нивните организации“, вели директорот на ДВ Академија.

„На белоруските граѓани им се потребни независни информации за да можат да донесат слободни и основани одлуки. Новинарството не е злосторство туку важен сервис за демократското општество“, вели фон Намен.

Белоруското здружение на новинари укажува дека годинава се збележани над 130 „блиски средби“ на новинарите со претставниците на безбедноста, во кои се набројуваат напади и апсења. Минатата година властите 477 пати привеле претставници на медиумите кои во затвор поминале над 1.200 дена. Меѓу првите кои беа уапсени беше и дописникот за ДВ, Александар Бураков, кој во мај минатата година беше осуден на 20 дена затвор.