1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Истрага за железничката несреќа во Шкотска

СН/дв
13 август 2020

Властите во Шкотска денеска започнаа истрага за причините за смртоносната железничка несреќа што се случи вчера во близина на градот Абердин.

https://p.dw.com/p/3gtDp

Најмалку три лица, вклучително и возачот на возот, и кондуктерот загинаа откако патнички воз излета од шините во близина на местото Стоунхавен, недалеку од градот Абердин. 
Се верува дека возот налетал на свлечиште предизвикано од екстремно силнотолокално невреме со пороен дожд.  Британската транспортна полиција,односно нејзиното одделение за истраги на железнички несреќи и инспекторите од Канцеларијата за железница и патишта - независно регулаторно тело во Велика британија - се вклучени во истрагата. Шест повредени лица се однесени во болница, но, како што се наведува нивните повреди не се сериозни.

Schottland - Stonehaven - Zugunglück in der Nähe von Aberdeenshire
Фотографија: AFP/M. Wachucik