1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

И ФБИ отвора истрага против медиумите на Мардок

15 јули 2011

За медиумскиот магнат Руперт Мардок станува се‘ потесно и во САД. ФБИ, според медиумски извештаи, проверува дали вработени во неговиот концерн „Њус корп.“ прислушувале телефони на жртвите од 11. септември и нивни роднини

https://p.dw.com/p/11vsI
Руперт Мардок уверува дека ќе надмине се‘
Руперт Мардок уверува дека ќе надмине се‘Фотографија: AP

Весниците „Њујорк тајмс“ и „Вол стрит журнал“, кои исто така припаѓаат на империјата на Мардок, пишуваат дека е почната истрага од страна на ФБИ и притоа се повикуваат на неименувани лица, кои се запознати со состојбите. Претходно, повеќемина американски политичари побараа истрага. „Вол стрит журнал“ тврди дека ФБИ сака да утврди дали вработени во „Њус корп.“ прислушувале телефонски разговори, дали си обезбедувале пристап до телефонските сандачиња за пораки или добивале снимки од телефонски разговори. Освен тоа, полицијата сака да знае дали имало обиди за поткуп на полицајци за да се дојде до информации. „Нујорк тајмс“ пишува дека се води предистражна постапка. Федералната полиција, пак, засега молчи.

Мардок се јави за збор

Вол стрит журнал“ тврди дека ФБИ сака да утврди дали вработени во „Њус корп.“ прислушувале телефонски разговори
„Вол стрит журнал“ тврди дека ФБИ сака да утврди дали се прислушувале телефонски разговориФотографија: AP

Во едно од ретките интервјуа за збор се јави Руптер Мардок. Тој ги зема во заштита не само вработените во „Њус Корп.“, туку и својот син, кој ги води работите во Европа. Мардок за „Вол стрит журнал“ вели дека неговиот концерн неверојатно добро излегол на крај со кризата и дека биле направени само „мали грешки“. Мардок и неговиот син Џејмс во вторник (19.07.) треба да се појават пред парламентарна комисија во Велика Британија. Мардок најави и интерна истрага, која би требало да ја води независна комисија. Во текот на изминатите денови имаше постојано нови откритија за тоа како репортери на „Њус оф д ворлд“ во Велика Британија прислушувале жртви на злосторства, познати личности и политичари. Тоа предизвика пад на курсот на акции на „Њус корп.“. По жестокиот отпор од страна на британската политика, Мардок пред два дена се откажа од комплетно преземање на медиумот „БиСкајБи“. Околу негативните наслови што се врзуваат со неговото име, тој прокоментира: „Ќе го надминам сето ова“. Според него, концернот „досега нема претпрено штети што не можат да се поправат“. Мардок уверува дека нема намера да се откаже од бизнисот со весници, врз кој израсна неговата империја. Во медиумите се шпекулираше дека тој би можел да се откаже од британските весници „Сан“, „Тајмс“ и „Сандеј тајмс“. Ваквите извештаи Мардок ги нарече „чисто ѓубре“.

Автор: ЕМФ/дпа

Редактор: Борис Георгиевски